Лажна војна

(Пренасочено од Лажна Војна)

Лажна војна (француски: Drôle de guerre; германски: Sitzkrieg) се однесува на период од осум месеци по почетокот на Втората светската војна, кој се одликувал со само една ограничена воена копнена операција на Западниот фронт, кога француските трупи ја нападнале германската област Сар. Откако Нацистичка Германија извршила инвазија на Полска на 1 септември 1939 година, Обединетото Кралство и Франција ѝ објавиле војна на Германија на 3 септември 1939 година и овој датум се смета за почеток на лажната војна. Лажната војна завршила со германската инвазија на Франција и Ниските Земји (10 мај 1940 година). Иако за време на лажната војна немало големи воени кампањи преземени од Британија и Франција, тие започнале економска војна. Тие создавале детални планови за обемни операции за оневозможување на германските воени напори, меѓу кои отворањето на англофранцускиот фронт на Балканот, инвазијата на Норвешка за да преземат контрола врз главниот извор на железна руда во Германија и напад на Советскиот Сојуз, за да го прекинат снабдувањето со нафта за Германија.[1]

Британски топ во близина на германската граница за време на Лажната војна

Привидниот мир во Лажната војна бил прекинуван со неколку сојузнички акции. Во Сарската офанзива во септември, Французите ја нападнале Германија со намера да ѝ помогнат на Полска, но офанзивата била неуспешна и за неколку дена тие се повлекле. Во ноември, Советите ја нападнале Финска по што започнала Зимската војна, а Франција и Британија размислувале за офанзива со која ќе ѝ помогнат на Финска, но акцијата на собраните трупи за оваа кампања била одложена за март а пред тоа војната веќе завршила. Германија била загрижена за сојузничките планови за Скандинавската кампања и и затоа во април се одлучила да ги нападне Данска и Норвешка, а сојузничките трупи кои претходно биле регрутирани за Финска биле преупатени за Норвешка. Борбите се воделе до јуни кога сојузниците се повлекле и ѝ ја отстапиле Норвешка на Германија.

Од Германска страна биле извршени неколку поморски напади против британските носачи на авиони и уништувачи и успеале да потонат неколку од нив. Воздушните акции започнале на 16 октомври 1939 година кога Луфтвафе започнал со напади врз британски воени бродови.

Терминологија

уреди

Во Франција оваа војна е позната како смешна војна. Терминот го смислил францускиот новинар Роланд Дорјелес, кој известувал за воената неактивност на француско-германската граница. Во Полска, која сметала дека е предадена од нејзините западни сојузници, се користел терминот чудна војна за периодот откако престанале сите воени операции на Западниот фронт (12 септември 1939).

Винстон Черчил Лажната војна ја нарекол „Војна на самракот“ и Сицкриг [2] („војна со седење“: игра на зборови на блицкриг).[3][4][5] На француски, се нарекува drôle de guerre („смешна“ или „чудна“ војна).

Терминот „Лажна војна“ веројатно е измислен од американскиот сенатор Вилијам Бора, кој во септември 1939 година коментирајќи за неактивноста на Западниот фронт, рекол: „Има нешто лажно (невистинито) во оваа војна“.[6]

Неактивност

уреди
 
Жителите на Варшава пред Британската амбасада со транспарент на кој пишува „Да живее Англија!“ веднаш по објавувањето на војна на нацистичка Германија

План за одбрана на полската армија, План Запад, претпоставувал дека со офанзивата на сојузниците на западниот фронт значително ќе го ослаби полскиот фронт на исток.[7]

Поголемиот дел од германската армија бил ангажирана во Полска, а многу мала германска ја бранела француската граница. На Мажиновата линија биле стационирани британските и француските трупи, но имало само некои локални, спорадични престрелки, и повремени борби меѓу воените авиони. Кралските воздухопловни сили фрлале пропагандни летоци врз Германија, а во Британија стигнале и првите канадски трупи.[8]

Во првите неколку месеци од војната, Германија сè уште се надевала дека ќе ја убеди Британија да склучат примирје. Затоа Германија, спротивно од очекувањата, не извршила воздушен напад врз британските градови, а германските пилоти кои ги нападнале базите на шкотската морнарица биле изведени на воен суд и погубени за бомбардирање на цивили. Тогаш Британија и Франција не увиделе дека Германија користи 90% од своите авиони за време на полската инвазија.[9]

Сарска офанзива

уреди
 
Француски војник пред канцеларијата на Рајхсколонијалбунд во Лаутербах за време на Сарската офанзива

Сарската офанзива бил француски напад на Сар кој го бранел германската 1-ва армија. Со офанзивата требало да ѝ се помогне на Полска. Нападот бил прекинат по неколку километри и француските сили се повлекле. Според француско-полската воена конвенција, француската армија требало да започне со подготовки за голема офанзива три дена по почетокот на мобилизацијата. На 15-тиот ден од мобилизацијата (односно на 16 септември), француската армија требало да започне целосен напад врз Германија.

Офанзивата по долината на реката Рајна започнала на 7 Септември, четири дена откако Франција ѝ објавила војна на Германија. Бидејќи Вермахтот бил зафатен со нападот на Полска, француските војници имале бројчана предност долж нивната граница со Германија. Единаесет француски дивизии напредуваа 32 км кон Сарбрикен против слабата германска одбрана.

На 12 Септември, англо-францускиот Врховен воен совет се состанал за прв пат во Абевил. Било одлучено да се прекинат сите офанзивни дејства веднаш бидејќи Французите се одлучиле да водат одбранбена војна. Генералот Морис Гамелин им наредил на своите трупи да застанат на не поблиску од 1 км од германските позиции долж Зигфридската линија. Полска не била известена за оваа одлука. Следниот ден, командантот на француската воена мисија во Полска, генерал Луис Фаури, го информирал полскиот началник на Генералштабот - Вацлав Стачиевич - дека големата офанзива на западниот фронт планирана од 17-20 септември мора да се одложи. Во исто време, француските дивизии добиле наредба да се повлечат во нивните касарни долж Мажинската линија.

Зимска војна

уреди

За време на Лажната војна, на 30. ноември 1939, со нападот на Советскиот Сојуз врз Финска започнала Зимската војна. Јавноста во Франција и Британија застанала на Финска страна и побарала од своите влади да преземат активности за поддршка на „храбрите Финци“ против против моќниот Советскиот Сојуз.[10] Поради нападот, Советскиот Сојуз бил исклучен од Друштвото на народите, а се размислувало за интервенција во северна Скандинавија.[11] Британските сили собрани за да ѝ помогнат на Финска не беа испратени пред да заврши Зимската војна, а биле испратени како помош за Норвешка во Норвешкиот поход. На 20 март, по завршувањето на Зимската војна, Едуар Даладиер поднел оставка како премиер на Франција, делумно поради својот неуспех да помогне на одбраната на Финска.

Германска инвазија на Данска и Норвешка

уреди

Размислувањата за завзамање на северна Скандинавија (без согласност на неутралните скандинавски земји), и инцидентот Алтмарк од 16 февруари, ги растревожил Кригсмарин и Германија затоа што пристапот до резервите со железна руда бил под голема закана и бил силен аргументи Германија да го освои норвешкиот брег. На 9 април под кодно име Операција Везерибунг, започнала германската инвазија на Данска и Норвешка. На 14-ти, сојузничките трупи биле истоварени во Норвешка, а до крајот на месецот, јужните делови на Норвешка биле во германски раце. Борбите продолжија на север сè додека сојузниците не се повлекле на почетокот на јуни поради германската инвазија на Франција; норвешките сили во континентална Норвешка го положиле оружјето на полноќ на 9 јуни.[12]

Промена на британската влада

уреди
 
Постер на британското Министерство за домашна безбедност какви што биле вообичаени за време на Лажната војна

По дебаклот на сојузничката кампања во Норвешка, имало жестока дебата во Долниот дом во Обединетото Кралство а британскиот премиер Невил Чембрлен бил постојано напаѓан. Иако му била изгласана доверба, Чембрлен на 10 мај поднел оставка на премиерската функција, но останал лидер на Конзервативната партија. Винстон Черчил, кој го наследил Чембрлен формирал нова коалициска влада во која биле вклучени членови на конзервативците, лабуристите и Либералната партија, и неколку независни министри.[13]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Imlay, Talbot Charles (2004). „A reassessment of Anglo-French strategy during the Phoney War, 1939–1940“. English Historical Review. 119 (481): 333–372. doi:10.1093/EHR/119.481.333.
  2. „The Phoney War“. History Learning Site.
  3. Dunstan, Simon (20 November 2012). Fort Eben Emael: The key to Hitler's victory in the west. Osprey Publishing. стр. 33. ISBN 978-1-78200-692-3. OCLC 57638821. Accordingly, the Allies first devised Plan E whereby they would advance into Belgium as far as the Scheldt River, but after months of inactivity that the British press termed "sitzkrieg," a bolder Plan D emerged that called for an advance as far as the Dyle River, a few miles east of Brussels.[мртва врска]
  4. Patricia S. Daniels; Stephen Garrison Hyslop; Douglas Brinkley (2006). National Geographic Almanac of World History. National Geographic Society. стр. 297. ISBN 978-0-7922-5911-4. Посетено на 10 September 2015. The invasion of France brought France and Britain into the war. For more than six months, the two sides sat idle — the British press called it Sitzkrieg — as Germany sought to avoid war with Britain without ceding Poland. With war unavoidable, the Germans attacked France on May 10, 1940.
  5. Bert Whyte; Larry Hannant (2011). Champagne and Meatballs: Adventures of a Canadian Communist. Edmonton: Athabasca University Press. стр. 17. ISBN 978-1-926836-08-9. OCLC 691744583. Посетено на 10 September 2015. When, on September 1, 1939, Germany invaded Poland, which Britain had pledged to defend, Britain declared war. But it did nothing to help Poland; for eight months, the conflict remained strictly the "Phoney War." In May 1940, in what the British press had taken to calling the "sitzkrieg" became a German blitzkrieg throughout Western Europe, Hitler-colluder-with-Chamberlain was replaced by Hitler-antagonist-of-Winston Churchill.
  6. McNaughton, Frank (19 September 1939). Edward T. Leech (уред.). „Roosevelt Deplores German Bombings“. Pittsburgh Post-Gazette. Pittsburgh: Pittsburgh Press Company. United Press. стр. 8. ISSN 1068-624X. Посетено на 2015-09-09. "There is something phoney about this war," [Senator William E. Borah (R. Idaho) in an interview] told questioners yesterday, explaining that he meant the comparative inactivity on the Western Front. "You would think," he continued, "that Britain and France would do what they are going to do now while Germany and Russia are still busy in the East, instead of waiting until they have cleaned up the eastern business." He did not expect an early end to hostilities.
  7. Seidner, Stanley S. (1978). Marshal Edward Śmigły-Rydz Rydz and the Defense of Poland. New York. стр. 89–91. OCLC 164675876.
  8. „The Phoney War!“. schools.yrdsb.ca. 8 October 1980. Архивирано од изворникот на 2022-04-07. Посетено на 22 May 2016.
  9. Gunther, John (1940). Inside Europe. New York: Harper & Brothers. стр. xv–xvii.
  10. „Russo-Finnish War“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica, Inc. 2016. Посетено на 22 May 2016.
  11. „USSR expelled from the League of Nations“. History.com. A+E Networks Corp. 2016. Посетено на 5 June 2016.
  12. „The Baltic Sea at war 1939–1945“. 20thcenturybattles.com. WorldPress.com. 2016. Посетено на 5 June 2016.
  13. „Winston Churchill“. biography.com. A&E. Посетено на 5 June 2016.

Дополнително читање

уреди
  • Pierre Porthault, L'armée du sacrifice (1939-1940), Гај Виктор, 1965 година