Куќа – сопственик Славко Брезовски (Галичник)
куќа и споменик на културата во Галичник
Куќа на Славко Брезоски, позната и како Куќа на Славко и Велимир Брезоски ― куќа во сопственост на галичкото семејство Брезоски која е заведена како културно наследство на Македонија.[1]
Куќа на Славко Брезоски | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Галичник |
Земја | Македонија |
Завршена | 1900 |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Куќа на Славко Брезоски | |
---|---|
Културно добро на Македонија | |
Адреса | Чучка Маало, Галичник |
Општина | Маврово и Ростуше |
Број | [1] |
Запис на НИСКН |
Познати лица кои живееле во куќата
уреди- Славко Брезоски (1922-2017) ― архитект,[2] сликар и предавач, партизан за време на Народноослободителна борба.[3][4] Тој е главно познат по Црквата „Св. Климент Охридски“ во Скопје.[5] Негови други дела се Комуналната банка во Скопје, Работничкиот дом во Скопје, Стоковната куќа во Скопје, хотелот „Неда“ во Галичник, хотелот „Славија“ во Попова Шапка, Спомен куќата Шамарица во Хрватска, Амбасадата на СФРЈ во Бразилија.[6] Тој бил член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија и Комунистичката партија на Југославија.[7]
- Велимир Брезоски (1924-1983) ― историчар, автор на стотици документи, научен советник во Институтот за национална историја во Скопје. Тој е најмногу познат како долгогодишен шеф во Документациското одделение при Институтот за национална историја.[8][9] Тој бил месен активист во Галичник во средината на 20 век.[10]
Галерија
уреди-
Поглед од северната страна
-
Поглед од северозападната страна
-
Поглед од источната страна
-
Поглед од јужната страна
Наводи
уреди- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 10 март 2023.
- ↑ „Ин мемориам: архитект Славко Брезовски (1922 – 2017)“. porta3.mk. 7 март 2017. Посетено на 10 март 2023.
- ↑ Бужароски, Ристо (1976). Галичка повест. Скопје: НИК „Наша книга“. стр. 210.
- ↑ Муратовски, Ефтим (1997). Галичник. Скопје: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. стр. 143. ISBN 9989-712-18-2.
- ↑ „Macedonian Cities -- Skopje Churches“. macedonia.co.uk. Посетено на 10 март 2023.
- ↑ Граоркоски, Косто (2015). Галичник во мојот колаж. Галичник: Косто Граоркоски. стр. 74. ISBN 978-608-245-107-7.
- ↑ Бужароски, Ристо (1976). Галичка повест. Скопје: НИК „Наша книга“. стр. 163.
- ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 209. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.
- ↑ „БРЕЗОВСКИ, Велимир“. Македонска енциклопедија. 2018-10-23. Архивирано од изворникот на 2021-03-02.
- ↑ Бужароски, Ристо (1976). Галичка повест. Скопје: НИК „Наша книга“. стр. 175.
Надворешни врски
уреди„Куќа – сопственик Славко Брезовски (Галичник)“ на Ризницата ? |
- Управа за заштита на културното наследство
- Управа за заштита на културното наследство (архивирана страница)