Кума (руски: Кума́) — река во Северен Кавказ, јужна Русија. Тече во североисточен правец и се влева во Каспиското Езеро. Долга е 802 км и има сливна површина од 33.500 км2.[1] Извира од Голем Кавказ во Карачаево-Черкесија, западно од Кисловодск. Тече на североисток низ Ставрополскиот крај (градовите Минералние Води, Зеленокумск, Будјоновск, Нефтекумск) и потоа на исток низ Прикасписката Низина како природна граница помеѓу Калмикија и Дагестан. Овој дел од долнината на Кума го сочинува источниот дел на Кумо-маничкиот Канал, одвојувајќи ја Источноевропската Низина од Кавказот. Кума завршува во Кизљарскиот Залив на Каспиското Езеро кај границата помеѓу Дагестан и Калмикија.

Кума
Кума кај Нефтекумск, Ставрополски крај
Изворно имеКума  (руски)
Местоположба
ЗемјаРусија
Физички особености
Изворвенец Скалисти, Кавказ
 • место43°49′44″N 42°06′19″E / 43.82889° СГШ; 42.10528° ИГД / 43.82889; 42.10528
УстиеКасписко Езеро
 • координати
44°48′36″N 46°54′02″E / 44.81000° СГШ; 46.90056° ИГД / 44.81000; 46.90056
Должина802 км
Големина на сливот33.500 км2
Особености на сливот
Притоки 
 • десниПодкумок

Највеќето реки што течат на север од Кавкаските Планини во Терско-кумската Низина се одводнуваат во реките Кубањ и Терек. Кума извира во сливовите на овие две реки, па затоа Кума е претежно степска река. Реаката обемно се користи за наводнување.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Река Кума во Државниот воден регистар на Русија“. textual.ru. (руски)