Борис Вишински
Борис Вишински ― македонски раскажувач, романописец и драмски автор. Роден е на 6 јуни 1929 во Скопје. Завршил Правен факултет во Скопје. Бил главен уредник на ревијата на Друштвото на писателите на Македонија, „Стожер“, и уредник на списанијата „Културен живот“ и „Македонска ревија“. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1958 година. Неговите дела се преведени на повеќе јазици.[1]
Борис Вишински | |
---|---|
Роден/а | 6 јуни 1929 Скопје, Кралство СХС |
Починат/а | 2011 | (возр. 81–82)
Занимање | Писател |
Книжевно творештво
уреди- Сенки и жед (роман, 1958)
- Девојка (драма, 1962)
- Виножито (роман, 1972)
- Древни брегови (раскази, 1975)
- Лавина (роман, 1978)
- Рацин (драма, 1979)
- Клисура (роман, 1983)
- Барбара (раскази, 1983)
- Тесно море (роман, 1986)
- Круна од песок (роман, 1992)
- Кожа од облаци (роман, 1993)
- Крстот на Богомил (роман, 1994)
Награди
уредиДобитник е на наградите:
- Награда „Кочо Рацин“,
- Награда „4 Јули“,
- Награда „13 Ноември“,
- Награда „Стале Попов“,
- Награда „Петрозино“,
- Награда „Михаил Еминеску“,
- Награда „Марио Рестиво“,
- Награда „Јозефин“ и
- Награда „Данте Алегиери“ за литературнен опус на странски автор во Италија.[2]
Извори
уреди- ↑ Македонски ПЕН[мртва врска]
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 53.