Крланово
Крланово — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Крланово Кърланово | |
---|---|
Поглед кон селото | |
Местоположба во областа | |
Координати: 41°32′N 23°25′E / 41.533° N; 23.417° EКоординати: 41°32′N 23°25′E / 41.533° N; 23.417° E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 5.463 км2 (2,109 ми2) |
Надм. вис. | 632 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 37 |
• Густина | 0,0.068/км2 (0,018/ми2) |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2820 |
Повик. бр. | 07437 |
Географиja и местоположбаУреди
Селото Крланово се наоѓа на 24 километри источно од Свети Врач, во планински регион. Селото се наоѓа на надморска висина од 632 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 5.463 км2.
ИсториjaУреди
Османлиско ЦарствоУреди
До 1912 година името на селото било Златков чифлик или Златково[1], кое произлегува од злато[2]. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Златко (Zlatko) е наведено како село со 16 семејства и 50 Македонци[3][4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 120 жители, сите Македонци[3][5].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6].
БугаријаУреди
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население[3][7]Уреди
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 188 | 223 | 247 | 193 | 115 | 87 | 83 | 60 | 36 | 37 |
![]() |
НаводиУреди
- ↑ Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987“, София, 1989.
- ↑ Георгиев, Вл., Ив. Гълъбов, Й. Заимов, Ст. Илчев (съставители) (1971). Български етимологичен речник, том 1 (А - З). София: Българска академия на науките. Институт за български език. Издателство на Българската академия на науките. стр. 645.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140 - 141.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 848
- ↑ 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Кърланово, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.