Кристијан X Дански

Кристијан X (дански: Christian Carl Frederik Albert Alexander Vilhelm ; 26 септември 1870 – 20 април 1947) бил крал на Данска од 1912 година до неговата смрт во 1947 година, и единствен крал на Исланд како Кристјан X (Kristján X) од 1918 до 1944 година.

Кристијан X
Портрет на Кристијан X
Кристијан X од Петер Елфелт
Крал на Данска
На престол14 мај 1912 – 20 април 1947
ПретходникФредерик VIII
НаследникФредерик IX
Крал на Исланд
На престол1 декември 1918 – 17 јуни 1944
Роден(а)26 септември 1870(1870-09-26)
Палата Шарлотенлунд, Копенхаген, Данска
Починал(а)20 април 1947(1947-04-20) (возр. 76)
Амалиенборг, Копенхаген, Данска
Почивалиште
Катедралата во Роскилде, Данска
СопругаАлександрин од Мекленбург-Шверин (в. 1898)
Деца
Полно име
Кристијан Карл Фредерик Алберт Александар Вилхелм
ДинастијаГликсбурговци
ТаткоФредерик VIII Дански
МајкаЛовиса од Шведска
ВероисповедЛутеранство
ПотписКристијан X's signature

Член е на Гликсбуршката династија и прв монарх по кралот Фредерик VII роден во данското кралско семејство (татко му и дедо му се родени како принцови од војводско семејство од Шлезвиг). Тој е брат на норвешкиот крал Хокон VII. На данскиот престол го наследил неговиот син Фредерик IX Дански. Опишан е како авторитарна личност и силно ја истакнувал важноста на кралското достоинство и моќ.

Живот

уреди

Кристијан е роден на 26 септември 1870 година во палатата Шарлотенлунд на 10 километри северно од Копенхаген на островот Зеланд во Данска, за време на владеењето на неговиот дедо, кралот Кристијан IX.[1] Тој бил прво дете на престолонаследникот Фредерик од Данска и неговата сопруга Луиза од Шведска.[2] Данскиот писател Ханс Кристијан Андерсен следниот ден во својот дневник напишал: „Ноќва пред 12 беше роден принц од престолонаследничката принцеза, целиот град денеска беше обележан со убаво време“.[3] Бил крстен на 31 октомври 1870 г. како Кристијан Карл Фредерик Алберт Александар Вилхелм.[4]

 
Принцот Кристијан со својот помлад брат принцот Карл во 1887 година.

Брак

уреди

Кристијан се оженил со Александрин од Мекленбург-Шверин во Кан на 26 април 1898 година. Имале два сина:

Престолонаследник

уреди

На 29 јануари 1906 година, кралот Кристијан IX починал, а таткото на Кристијан седнал на престолот како крал Фредерик VIII. Самиот Кристијан станал престолонаследник.

Владеење

уреди

На 14 мај 1912 година, кралот Фредерик VIII починал додека се шетал во парк во Хамбург. Кристијан бил во Копенхаген кога дознал за смртта на неговиот татко и застанал на престолот како Кристијан X.

Неговата неподготвеност во целост да ја прифати демократијата било причина за Велигденската криза од 1920 година, во која тој ја разрешил демократски избраната влада со која имал несогласувања, и поставил друга по сопствен избор. Иако тоа било во согласност со уставот, тој се соочил со масовни демонстрации, генерален штрајк организиран од социјалдемократите и можност од соборување на монархијата, па бил принуден да прифати дека монархот не може да поставува влада која не е поддржана од парламентот, а неговата улога да се сведе на симболичен шеф на државата.

Втора светска војна

уреди
 
За време на германската окупација на Данска, секојдневното јавање на кралот низ Копенхаген станало симбол на данскиот суверенитет. Сликава е направена на неговиот роденден во 1940 година

На 9 април 1940 година во 4 Нацистичка Германија ненадејно ја нападнала Данска, совладувајќи ја данската армија и морнарица. Кристијан X брзо сфатил дека Данска е во тешка положба. За разлика од нејзините нордиски соседи, Данска немала планински масиви од кои можело да се започне отпор против германската армија.[5] Соочен со експлицитна закана од бомбардирањето на Луфтвафе врз цивилното население во Копенхаген, и со само еден генерал за продолжување на борбата, Кристијан X и целата данска влада капитулирала околу 6 часот истиот ден,[6] во замена за задржување на политичката независност за внатрешни прашања.[7] По ова започнала окупацијата на Данска, која траела до 5 мај 1945 година.

За време на германската окупација на Данска, Кристијан станал популарен симбол на отпорот, најмногу поради фактот што секојдневно без придружба јавал по улиците на Копенхаген. Поради неговото владеење кое ги вклучува двете светски војни и неговата улога како симбол за подигање на данското национално чувство за време на германската окупација, Кристијан Х станал еден од најпопуларните дански монарси од поново време. Кралот Кристијан X бил познат по тоа што парадирал низ градот на својот коњ, Јубилеј.

Смрт

уреди

По неговата смрт во палатата Амалиенборг, Копенхаген, во 1947 година, Кристијан X бил погребан заедно со другите членови на данското кралско семејство во катедралата Роскилде во близина на Копенхаген.

Наводи

уреди
  1. Thorsøe 1889.
  2. Montgomery-Massingberd, Hugh, уред. (1977). Burke's Royal Families of the World. 1. London, UK: Burke's Peerage Ltd. стр. 71.
  3. „H.C. Andersens dagbøger“ (дански). The Royal Library, Denmark. 30 September 2006. Архивирано од изворникот на 22 April 2011.
  4. Allerh. approb. Program for høitidelige Daabshandling i Christiansborg Slotskirke d. 31. Oct 1870 (дански). Copenhagen. 1870.
  5. William Shirer, The Rise and Fall of the Third Reich (New York: Simon & Schuster, 1990), p. 663.
  6. Peter Rochegune Munch: Erindringer 7, p. 29.
  7. The German occupation of Denmark Архивирано на {{{2}}}.

Надворешни врски

уреди