Фредерик VIII Дански
Фредерик VIII (целосно име: Кристијан Фредерик Вилхелм Карл дански: Christian Frederik Vilhelm Carl; 3 јуни 1843 — 14 мај 1912) — крал на Данска од 29 јануари 1906 до неговата смрт во 1912 година.
Фредерик VIII | |||||
---|---|---|---|---|---|
Фотографија од Фредерик VIII, околу 1909 | |||||
Крал на Данска | |||||
На престол | 29 јануари 1906 – 14 мај 1912 | ||||
Претходник | Кристијан IX | ||||
Наследник | Кристијан X | ||||
Роден(а) | Фредерик Кристијан Вилхелм Карл од Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Глуксбург 3 јуни 1843 Жолта палата во Копенхаген, Данска | ||||
Починал(а) | 14 мај 1912 Хамбург, Германско Царство | (возр. 68) ||||
Почивалиште | Катедралата Роскилде | ||||
Сопружник | Луиза од Шведска (в. 1869) | ||||
Деца Detail |
| ||||
| |||||
Династија | Гликсбурговци | ||||
Татко | Кристијан IX Дански | ||||
Мајка | Луиза од Хесен-Касел | ||||
Вероисповед | Лутеран |
Тој бил најстар син на кралот Кристијан IX, наречен Свекор на Европа, Фредерик бил поврзан со кралското семејство низ цела Европа. Бил наследник на данскиот престол, а како престолонаследник поминал повеќе од 42 години. За време на долгото владеење на неговиот татко (1863 – 1906), тој во голема мера бил исклучен од политичките работи.[1] Учествувал во данско-германската војна во која Данска ги загубила војводствата Шлезвиг, Холштајн и Лауенбург.
По смртта на неговиот татко во 1906 година, стапил на престолот на 62-годишна возраст. Фредерик VIII бил либерален монарх, и за разлика од татко му бил многу поприфатлив за новиот парламентарен систем воведен во Данска во 1901 г., поради тоа што бил реформски настроен и благонаклонет кон демократијата. Меѓутоа, поради тоа што доцна застанал на престолот, владеењето на Фредерик траело само шест години, во чиј тек бил измачуван од кревко здравје.
Семејство
уредиСе оженил со принцезата Луиза од Шведска (1851 – 1926), со која имал осум деца:
- Кристијан X (1870 - 1947) - престолонаследник и крал на Данска (1912 - 1947)
- Хокон VII (1872 - 1957) - дански принц и норвешки крал (1905 - 1957)
- Луиз од Шаумбург-Липе (1875 – 1906) - принцеза; се омажила со принцот Фридрих од Шаумбург-Липе во 1896 година
- Харалд (1876 – 1949) - дански принц; генерал мајор
- Инјеборг од Вестерготланд (1878 – 1958) - принцеза; се омажила во 1897 година со принцот Карл, војводата од Вестергетланд
- Тира (1880 – 1945) - данска принцеза; не се омажила и немала деца
- Густав (1887 – 1944) - дански принц; не се оженил и немал деца
- Дагмар (1890 – 1961) - принцеза; се оженил со Јорген Кастенскјолд во 1922 година
Наводи
уреди- ↑ „Frederik (Christian F. Vilhelm Carl) f. 1843, Kronprins“. Dansk biografisk Lexikon. Посетено на 1 November 2019.
Надворешни врски
уреди- Кралската лоза Архивирано на 14 март 2015 г. на веб-страницата на Данската монархија
- Фредерик VIII на веб-страницата на Кралската данска колекција во палатата Амалиенборг