Снежни Планини
Снежни планини (англиски: Snowy Mountains) се планини во Австралија, во сојузната држава Нов Јужен Велс. Тие се највисок планински венец на австралиското копно и се посебен регион во Нов Јужен Велс.
Снежни Планини | |
---|---|
Сноуис | |
Планински венец околу врвот Кошќушко. | |
Највисока точка | |
Врв | Кошќушко |
Надм. вис. | 2228 м |
Координати | 36°27′S 148°16′E / 36.450° ЈГШ; 148.267° ИГД |
Друго име | Сноуис |
Географија | |
Земја | Австралија |
Дел | Нов Јужен Велс |
Координати | 36°30′S 148°20′E / 36.500° ЈГШ; 148.333° ИГД |
Матичен венец | Австралиски Алпи |
Географија
уредиСнежните планини се највисокиот планински венец во Австралија, чија највисок врв, а и во цела Австралија, е планината Кошќушко (2228 m). Освен тоа, на овие планини се наоѓаат петте највисоки врвови во континентална Австралија, кои се високи преку 2.100 метри. Географски, Снежните Планини се дел од Австралиските Алпи, кои пак се дел од Големите Разводни Планини. На овие планини се наоѓаат петте континентални австралиски глацијални езера (Синото Езеро, Албина, Кутапатамба, Клаб и Хедли). Во текот на зимата (од јуни до почетокот на август) планините се покриени со снег и се погодни за скијање.
Историја
уредиПланините за првпат биле истражени од Европејците во 1835 година, а потоа биле населени од овчари и земјоделци. Во 1840 година, Едмунд Стржелецки се искачил на највисокиот врв на снежните планини, кој го нарекол по полскиот национален херој Тадеуш Кошќушко. Во доцните 1860-ти, на Снежните Планини имало многу трагачи по злато, со центар во планинското село Киандра.[1] Во 1949 година, на Снежната река биле изградени каскадни хидроелектрани. Во 1997 година , Националниот парк Кошќушко од страна на УНЕСКО бил прогласен за Светски биосферен резерват.
Население
уредиНа Снежните Планини се наоѓа највисокото населено место во Австралија - Кабрамара, каде што живеат околу 60 луѓе.[2] [3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „The history of the Snowy Mountains“ (англиски). The official site of the Snowy Mountains regional tourism organisation. Архивирано од изворникот на 2012-03-29. Посетено на 3 апреля 2009. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=
(help) - ↑ (англиски) „Geography and Climate of the Snowy Mountains“ (англиски). The official site of the Snowy Mountains regional tourism organisation. Архивирано од изворникот на 2009-04-06. Посетено на 3 апреля 2009. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=
(help) - ↑ (англиски) „Cabramurra (State Suburb)“ (англиски). Australian Bureau of Statistics. Архивирано од изворникот на 2012-06-08. Посетено на 7 февраль 2012. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=
(help)