Коста Шкодреану
Коста Шкодреану (влашки: Costa Scodreanu, Școdreanu) (Битола, 15 мај 1853 - Силистра, 26 мај 1926) – иконописец и светски уметник од Македонија.[1]
Коста Шкодреану Costa Scodreanu | ||
Роден | 15 мај 1853 Битола, Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1926 Силистра, Романија | |
Националност | македонски Влав | |
Занимање | сликар, иконописец, фрескописец |
Животопис
уредиСпоред презимето, потеклото на Шкодреану е од Шкодра, Албанија, од каде што неговите предци се преселиле во Битола. Шкодреану е роден на 15 мај 1853 година во Битола, а починал во Силистра, Романија, на 26 мај 1926 година.[2] Основно образование стекнал во Битола. Факултет за медицина, група фармација завршил во Цариград, Отоманско Царство. Во 1880 година на возраст од 27 години, заминал за Фиренца, Италија. Неговото заминување го помогнал и поттикнал некој турски паша, забележувајќи го неговиот сликарски талент. Во Италија се запишал на школата за убави уметности во Рим. Дваесет години живеел и создавал во Италија на релација Рим - Фиренца.[2]
Работа
уредиВо дваесетгодишниот престој во Италија, работел најмногу како професионален сликар, а во Фиренца организирал меѓу другото неколку свои самостојни изложби. Во 1900 година се враќа во Битола и работи како професор по дизајн и калиграфија во Романската гимназија сè до 1916 година. Од 1918 година, заедно со семејството (неговата жена Елена Грију и четирите деца) се преселуваат во Силистра, Романија, каде што останува до крајот на својот живот во 1926 година. Во Романија работел како иконописец, фрескосликар, а продолжил да се занимава и со сликање на профано сликарство. Работел икони за црквите во Добруџа и Букурешт, а во Букурешт организирал и неколку свои самостојни изложби.
Сликарство, иконопис, фрескосликарство
уредиНеговото творештво се движи во две насоки. Едната е создавање сакрални дела, најчесто икони и фрески, а другата е создавање на дела со профан карактер.[3]
Во Битола, работел врз иконостасот на црквата Св. Константин и Елена, икони од поголем формат. Неговото сакрално сликарство е со елементи на византиската традиција, но и со присуство на идејни, композициски, колористички елементи кои се под влијание на италијанското црковно сликарство.[3]
Во профаното сликарство, тој внесува реалистички елементи, често под влијание на венецијанската уметност. Со овие смели новини, тој е основоположник на современото ликовно творештво во Македонија.[3] Најголем дел од неговите профани слики денес се во Романија, Букурешт (неговата ќерка Флорика по Втората светска војна доаѓа во Битола и го изнесува главниот дел од неговиот ликовен опус во Романија).
Покрај ова, познат е и како sиден сликар, декорирајќи ги домовите на поистакнатите градски куќи во Битола со sидни слики, работени во поголем формат и под директно влијание и инспирација на венецијанските ликовни автори.[3]
Педагошка активност
уредиНеговата педагошка дејност е од исклучителнно значење. Работејќи како професор по уметност и калиграфија во познатата битолска Романска гимназија, тој успеал да пренесе знаење и да создаде најпозитивна клима за прифаќање, оживување и создавање на едно ново, современо ликовно размислување кое било во директна корелација со современото западноевропски сликарство.Тоа е една од суштинските подлоги во развојот на таканаречениот Феномен на битолскиот ликовен круг, којшто особено после втората светска војна ќе остави длабоки траги во развојот на ликовната уметност не само во Македонија туку и пошироко.[2][3].
Наводи
уреди- ↑ Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола, 2007 Значајни личности за Битола Проверете ја вредноста
|url=
(help). Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 265. ISBN 978-9989-2783-0-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ 2,0 2,1 2,2 Ристо Палигора, Православниот храм Св. Константин и Елена во Битола, Битола 2018,. Битола: Комуната на Власите „Браќа Манаки“- Битола. 2018. стр. 127. ISBN ISBN 978-9989-195-35-8 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Фармацевтот Шкодрано од Фиренца ја донел уметноста во Битола на семрежното место на СДК