Коста Чохаџиќ
македонски гинеколог
Коста Чохаџиќ (10 септември 1881 во Гевгелија — 1960 во Скопје) — македонски гинеколог-акушер.[1]
Коста Чохаџиќ | ||
Роден | Коста Чохаџиќ 10 септември 1881 Гевгелија, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1960 Скопје, СФР Југославија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | гинеколог, акушер, лекар |
Чохаџиќ е заслужен за отворањето на првиот Гинеколошко-акушерски санаториум во Македонија.
Животопис
уредиПо потекло од Гевгелија, дипломирал на Медицинскиот факултет во Париз во 1910 година. Следната година се вратил во Македонија и работел како лекар во Гевгелија, Радовиш и Скопје.
Во 1921 година е назначен за шеф на Гинеколошкото одделение при Државната болница во Скопје.
Во 1931 година отворил Гинеколошко-акушерски санаториум во Скопје, прв од таков вид во Македонија. Во Санаториумот се вршеле не само породувања, туку и гинеколошко-хируршки интервенции. Санаториумот работел до 1941 година.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чундева“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1631. Text "series " ignored (help)