Коста Атанасов Христовски ( 1913 во Булачани, Скопско9 ноември 1944 во Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Коста Христовски
Роден 1913 година
Булачани, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 9 ноември, 1944 година
Во скопскиот регион, Македонија

Животопис уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во народноослободителното движење бил вклучен од 1941 година, кога се поврзал со партиската организација во селото Сингелиќ. Како член на КПЈ извршувал разни задачи. На 1 декември 1942 година, бил затворен од страна на окупаторската бугарска фашистичка полиција. Потоа бил осуден на затвор, а казната ја издржувал во затворот во Идризово. На 28 август 1944 година, при ослободувањето на политичките затвореници од страна на Треттата македонска ударна бригада, бил ослободен ѝ се вклучил во борбените редови на Треттата македонска ударна бригада, со која учествувал во натамошните борби против непријателот. На 9 ноември 1944 година, загинал во една борба против балистите.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 279. На |first= му недостасува |last= (help)