Коста Алковиќ
Костантин Коста Алковиќ бил физичар, професор по физика и механика од 1863 до 1892 година на белградската Велика школа, државен советник и министер за градежништво.
Константин Коста Алковиќ | ||
Податотека:Коста Алковић.jpg | ||
Роден | 3 октомври 1834 Земун, Австриско Царство | |
---|---|---|
Починал | 15 мај 1909 Белград, Кралство Србија | (возр. 74)
Животопис
уредиКонстантин Коста Алковиќ е роден во Белград во 1834 година. Бил професор по физика и механика во Лицеј и Велика школа (од 1862 бил суплепент, а бил професор од 26 септември 1863 до 1893), декан на Техничкиот одсек на Велика школа (1868), ректор на Великата школа (1885/1886;1891/92), редовен член на Српското учено друштво, почасeн члeн на Српската Кралска академија (1892), министер за градежништвото на Србија (од 9 август 1891 до 8 март 1893), застапник на Министерот за просвета и црковни работи (од 26 декември 1892 до 4 јануари 1893). Добил државна стипендија по завршениот Лицеј на Политехничкиот институт во Виена. Дипломирал во 1859 година математика, физика, механика и практична геометрија на виенската политехника. По враќањето во Србија во 1862 година поставен е за суплент за испразнетата катедра по физика на Лицеј, а во 1863 година е поставен за еден од десетте професори по физика на Великата школа. Покрај физика предавал и механика, а од истата година предавал и елементи на метеорологија и физичка географија на Воената академија. Во текот на својата работа бил и директор на физичкиот кабинет.
Кариера
уредиКоста Алковиќ не пишувал учбеници, ниту научни трудови, но сепак ги следел научните и техничките достигнувања и настојувал физичкиот кабинет да го унапреди со корисна литература. Од 1863 до 1892 година бил професор по физика на белградската Велика Школа. Од 1893 година неговата работа ја продолжиле неговите ученици и колеги Ѓорѓе Станојевиќ и Милан Недељковиќ. Како министер за градежништвото од 21 август 1892 година до 20 март 1893 година во владата на Јован Авакумовиќ бил одликуван со Орденот на Свети Сава од прв ред. Подоцна бил и советник во српската влада. Одликуван е за учевство во Српско-турските војни 1876—1878. Од 25 јануари/7 февруари 1870 бил редовен член на Српското учено друштво и ја извршувал функцијата секретар на Одборот за науките природни и математички 1879/1880 година. Од 15/27 ноември 1892 година бил почесен член на Српската кралска академија.