Космос-936, познат и како Бион-4 и Биокосмос-4, е еден од над 2.400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата „Космос“.

Космос-936
Тип на мисија биолошко истражување
Датум на лансирање 3 август 1977
Носечка ракета Р-7 Семјорка (руски: Семёрка) (8К71, НАТО ознака SS-6 Sapwood), кој претставува повеќестепена ракета
Место на лансирање Плесецк, СССР
Орбитален наклон 62,8 °
Орбитален период 90,7 минути
Апоапсида 419 км
Периапсида 224 км
Меѓународна ознака 1977-074A

Податоци

уреди

Општи податоци

уреди

Сателитот е лансиран од космодромот Плесецк, СССР на 3 август 1977 г. Во орбитата околу планетата Земја бил исфрлен од повеќестепената носечка ракета Р-7 Семјорка. Масата на сателитот при лансирањето изнесувала 4000 килограми. Космос-936 бил сателит наменет за биолошко истражување, чии експерименти биле продолжение на истражувачката мисија на сателитот Бион-3. Мисијата на сателитот завршила по 19,5 дена.

Орбитални податоци

уреди

Исфрлувањето на сателитот било на ниска орбита околу Земјата. Периодот на обиколување на сателитот околу Земјата изнесувал 90,7 минути, додека аголот на наклонетост на орбиталната рамнина во однос на рамнината на екваторот изнесувала 62,8°. Најголемото растојание од Земјата го достигнал на 419 км, а најмалото на 224.

Поврзано

уреди

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди