Бајконур (космодром)

(Пренасочено од Космодром Бајконур)

Бајконур (руски: Байконур, казашки: Байқоңыр ғарыш айлағы) — космодром, кој се наоѓа до градот Бајконур во Казахстан. Тој е првиот и најстариот космодром во светот. Се наоѓа во пустинските степи во Казахстан околу 200 км од Аралското Езеро, северно од реката Сир Дарја близу до железничката станица Тјуратам. Космодромот го добил своето име по[градот Бајконур кој е во близина. Космодромската област е позајмена на Федералната вселенска агенција на Русија од страна на казачката влада до 2050 година. Целата област е во форма на елипса која се протега 90 км исток-запад и 85 км север-југ со космодромот на средина. Космодромот бил изграден во 50-тите години на минатиот век од страна на СССР за нивната вселенска програма. Од Бајконур Космотромот е лансиран Восток 1, првото летало кое го управувало човек во историјата на човештвото, а исто така одовде полетал и космонаутот Јуриј Гагарин, првиот човек во вселената.

Космодром Бајконур

Байқоңыр ғарыш айлағы
Гагариновата рампа во Бајконур
Општо
Типкосмодром
Сопственик/ОператорРоскосмос
Опслужуван градБајконур
МестоположбаКазахстан
Отворен5 јуни 1955 (1955-06-05)
Надморска височина295 ft / 90 m
Координати45°58′N 63°18′E / 45.967° СГШ; 63.300° ИГД / 45.967; 63.300
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
Бајконур во рамките на Казахстан
Бајконур
Местоположба на Бајконур во Казахстан

Советcки период

уреди

Бајконур е пуштен на работа на 2 јуни 1955 година. Бил прво направен за да се тестираат проектили за долг достел но подоцна и за летови во вселената. Сергеј Корољов бил еден од главните луѓе на космодромот тоа време. Тој е одговорен за проширување на космодромот и градење на повеќе почетни места за ласирање на ракети. Тој исто така изградил и патишта и железници околу космодромот и тој претставувал еден од најмодерните инфраструктурни објекти тоа време во СССР. Многу познати летови се лансирани токму од овој космодром, како што се Спутник 1, 4.10.1957, првиот сателит во вселената, Луна 1, првиот сателит кој летнал до месечината (2.1.1959), Јуриј Гагарин на 12.4.1961, првата жена во вселената Валентина Терешкова и многу други.

Руски период

уреди

После распадот на СССР во 1991 г., Руската вселенска програма продолжи да го користи космодромот Бајконур, заедно со некои други земји на Заедницата на независни држави. Во 1995 г., градот околу космодромот бил прекрстен Бајконур. Бидејќи космодромот се наоѓа на казахчка територија, Руската вселенска агенција им плаќаат 115 милиони американски долари годишно на Казахстан. Договорот е космодромот да припаѓа на Русија до 2050, но тој сепак претставува спор меѓу овие две држави. До тогаш, Русија планира да направи нов космодром на руска терирорија.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди