Косвиг (германски: Coswig (Anhalt)) — град во округот Витенберг, во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на десниот брег на реката Елба, околу 12 километри западно од Витенберг и 15 километри источно од Десау.

Косвиг
Градското собрание во Косвиг
Градското собрание во Косвиг
Градското собрание во Косвиг
Грб на Косвиг
Косвиг (Анхалт) во рамките на Германија
Косвиг (Анхалт)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Витенберг
Градоначалник Дорис Берлин
Основни податоци
Површина 295,73 км2
Надм. височина 83 м
Население 11.488 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 39 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WB
Пошт. бр. 06869
Повик. бр. 034903
Портал www.coswig-anhalt.de
Местоположба на градот Косвиг во рамките на округот Витенберг
Карта
Карта
Координати 51°53′N 12°26′E / 51.883° СГШ; 12.433° ИГД / 51.883; 12.433

Историја

уреди
 
Замок Косвиг

Замокот Косвиг бил првпат спомант во 1187 година. Нема податоци за словенски населби до овој датум. Во 1215 година, Косвиг е наречен Опидиум (Oppidium). Во текот на ова време бил еден од најважните градови, северно од реката Елба. Во XVI век, Косвиг веќе бил поврзан со водоводен систем од Верпен. Земјоделството, ткаењето и рударството биле најважни дејности во економијата. Градот бил скоро целосно уништен од хиспанските трупи во текот на Шмалкаденска војна. Од 1603 до 1793 година, Косвиг припаѓал на Анхалт-Цербст. Замокот бил изграден на крајот на XVII век. Железничката станица била отворена на 10 септември 1841 година. Во 1987 година, градот ја одбележал 800-годишнината од постоењето.

Знаменитости

уреди
  • Замок Косвиг
  • Црква Св. Никола (Nicolaikirche)
  • Нова апостолска црква
  • Ферибот Косвиг, ферибот низ Елба до Верлиц
  • Кула Бизмарк
  • Градско собрание

Политика

уреди

Излезноста на гласачите од последните избори на 13 јуни во 2004 била 43,6%.

Градски совет: 20 места на следниве партии:

  • 7 места - CDU
  • 4 места - Linkspartei.PDS
  • 3 места - SPD
  • 3 места - Bürgerblock
  • 2 места - FWG
  • 1 место - FDP

Меѓународни односи

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди