The Raconteurs (во Австралија познати како The Saboteurs) ― американскa рок-група од Детроит, основана во 2005 година. Групата ја сочинуваат Џек Вајт (вокал, гитара), Брендан Бенсон (вокал, гитара), Џек Лоренс (бас гитара) и Патрик Килер (тапани). Лоренс и Килер претхотходно биле членови на The Greenhornes, а Вајт и Лоренс подоцна станале членови на the Dead Weather.

Историја

уреди

Седиштето на групата е во Нешвил, а основана е во Детроит во 2005 година. Поради тоа што членовите на оваа група биле успешни музичари во други групи, The Raconteurs се наречекуваат и супергрупа. Членовите на групата велат дека не се супергрупа затоа што тој термин се однесува на нешто однапред планирано или привремено, а тие всушност се „нова група составена од стари пријатели“.[1]

Во Австралија се познати како „The Saboteurs“ затоа што група од Квинсленд веќе го користела името „Raconteurs“ и не сакала да се откаже од своето име.[2][3]

 
Брендан Бенсон и Џек Вајт, од Raconteurs во Стокхолм, 2006 година

Првиот албум на Raconteurs, Broken Boy Soldiers, бил објавен на 15-ти мај 2006 година. Во декември 2006 година, британското списание Mojo албумот го прогласил за Албум на годината, а во 2007 година, бил номиниран за Греми награда за најдобар рок-албум. The Raconteurs покрај номинацијата за најдобар рок-албум биле номинирани и за најдобра рок изведба на дуо или група со вокал за „Steady, As She Goes“, но не успеале да освојат ниту една награда.[4]

Во ноември 2006 година, Raconteurs на 8 концерти биле предгрупа на Боб Дилан на дел од неговата турнеја во САД.

Групата за време на настапите во живо пеела многу преработки. Најчесто тоа биле препеви на „Bang Bang (My Baby Shot Me Down)“ (песна напишана од Сони Боно и испеана од Шер и Ненси Синатра) и „Headin' for the Texas Border“ од The Flamin' Groovies. Групата исто така ја преработила песната „Floating“ од ирската група Jape и „Send Me a Postcard“ од холандската група Shocking Blue. Тие исто така извеле стара блуз-песна напишана од Биг Џо Вилијамс во 1935 година (популаризирана од „Them“ со Ван Морисон во 1964 година), „Baby, Please Don't Go“.


На 25 март 2008 година The Raconteurs го издале нивниот втор албум, Consolers of the Lonely. Првиот сингл, "Salute Your Solution", бил објавен истиот ден.

Во 2009 година, Consolers of the Lonely бил номиниран за Греми за најдобар рок-албум. Групата освоила Греми за најдобро аранжиран некласичен албум.[5]

На 21 јуни 2019 година го објавиле албумот Help Us Stranger.[6][7]

Членови на Групата

уреди

Сегашни членови

  • Џек Вајт – вокал, главна гитара, клавијатури, оргули, пијано, стилофон, мандолина, продукција
  • Брендан Бенсон – вокал, ритам гитара, клавијатури, оргули, пијано
  • Патрик Килер – тапани, перкусии, придружни вокали
  • Џек Лоренс – бас гитара, бенџо, придружни вокали

Членови за турнеја

  • Дин Фертита - клавијатури, ударни инструменти, гитара, придружни вокали (2006; 2011; 2019-сега)
  • Марк Вотроус – клавијатури, виолина, перкусии, виолина, вокал (2008)

Дискографија

уреди

 

Награди и номинации

уреди

Брит награди

уреди

 

Кантри музички награди

уреди

 

Греми награди

уреди

 

Списание Mojo

уреди

 

МТВ Европа музички награди

уреди
  1. JH (2006).
  2. Double-up forces switch Архивирано на {{{2}}}., Herald Sun, 2006-04-07 „Herald Sun: Double-up forces switch [07apr06]“. Архивирано од изворникот на April 18, 2006. Посетено на May 20, 2017.
  3. Saboteurs of Raconteurs, Triple J Music News, 2006-04-11 Архивирано на {{{2}}}.
  4. GRAMMY.
  5. „Jack White“. The GRAMMYs. Посетено на 2016-02-08.
  6. „The Raconteurs to release new album in 2019“. Consequence of Sound (англиски). 2018-10-08. Посетено на 2018-12-19.
  7. Blais-Billie, Braudie; Strauss, Matthew (April 2, 2019). „The Raconteurs Detail Help Us Stranger, First New Album in 11 Years“. Pitchfork. Посетено на April 2, 2019.

mtvU Вуди награди

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

[[Категорија:Американски блуз рок групи]] [[Категорија:Квартети]] [[Категорија:Американски инди рок групи]] [[Категорија:Американски рок-групи]]