Ненси Синатра

американска пејачка и глумица

Ненси Сандра Синатра[1] (англиски: Nancy Sinatra; родена на 8 јуни 1940 година)[2] ― американска пејачка и глумица. Ненси е ќерка на Френк Синатра и Ненси Синатра (моминско Барбато), а најпозната е по нејзината песна од 1965 година „These Boots Are Made for Walkin".

Ненси Синатра
Ненси Синатра во 1960-тите
Роден(а)Ненси Сандра Синатра
8 јуни 1940(1940-06-08)(84 г.)
Џерси Сити, Њу Џерси, САД
Занимање
  • Пејачка
  • глумица
Активен период1961–2013
Сопружник
  • Томи Сендс
     (в. 1960; раз. 1965)
  • Хју Ламберт
     (в. 1970; d 1985)
Деца2
РодителиФренк Синатра
Ненси Барбато
РодниниТина Синатра (сестра)
Френк Синатра (брат, починат)
Страница
nancysinatra.com

Детство и младост

уреди
 
Слика на семејството Синатра, 1949 година; Ненси е најлево

Ненси Синатра е родена на 8 јуни 1940 година во Џерси Сити. Таа била прво од трите деца на Френк Синатра со неговата прва сопруга, Ненси Барбато. Нејзините родители имаат италијанско потекло.[3] Во детството, со семејството се преселиле во Хасбрук Хајтс во Њу Џерси, а подоцна поради холивудската кариера на нејзиниот татко се преселиле во Толука Лејк во Калифорнија. Во Толука Лејк долги години земала часови по пијано, танцување и глума, а неколку месеци одела на часови по пеење.[4]

Ненси Синатра дипломирала во Универзитетското средно училиште (Лос Анџелес) во јуни 1958 година.[5] [6] [7]

Кариера

уреди

Музичка кариера

уреди

Ненси Синатра својата музичка кариера ја започнала во ноември 1957 година. За прв пат се појавила на естрадата во емисија на нејзиниот татко на ABC-TV, но на почетокот стекнала популарност само во Европа и Јапонија. Во 1961 година, потпишала за издавачката куќа на нејзиниот татко Reprise Records. Нејзиниот прв сингл, „Cuff Links and a Tie Clip“, поминал во голема мера незабележано. Следните песни се нашле на топ-листите во Европа и Јапонија. До 1965 година, немала хит во САД, и била на работ да биде исфрлена од издавачката куќа.

 
Синатра по промената на имиџот, во 1971 година

Популарноста во САД дошла на почетокот од 1966 година, откако Ненси ја објавила хит-песната „These Boots Are Made for Walkin“. Песната ја напишал Ли Хејзлвуд, кој исто така напишал и продуцирал многу нејзини хитови и отпеал со неа неколку дуети. Аранжер и диригент на песната бил Били Стрејнџ.

Песната добила три номинации за наградата Греми, две за Ненси Синатра и една за аранжерот Били Стрејнџ. Била продадена во повеќе од еден милион примероци и била сертифицирана со златен тираж.[8] Во промотивното видео за телевизија, Ненси била облечена во високи чизми и е придружувана од колоритно облечени го-го танчери; ова денес се смета за иконски изглед на Swinging Sixties.[9][10]

Од почетокот на 1966 до почетокот на 1968 година, 14 песни од Ненси Синатра се нашле меѓу 100-те најдобри песни на Билборд, а десет од нив и во топ-40. Покрај „These Boots Are Made for Walkin“, позначајни нејзини песни од овој период се „Sugar Town“, „ Love Eyes“, трансатлантскиот хит од 1967 година „Somethin' Stupid“ (во дует со нејзиниот татко), две верзии на насловната песна од филмот за Џејмс Бонд Се живее само два пати (1967), неколку соработки со Ли Хејзлвуд, како „Summer Wine“, „Jackson“, „Lady Bird“ и „Some Velvet Morning“ и една преработка од 1966 година на песната од Шер „Bang Bang (My Baby Shot Me Down)“, која се појавува во најавната шпица на филмот од Квентин Тарантино од 2003 година, Убиј го Бил, том 1. Во 1971 година, Синатра и Хејзлвуд за прв пат со заедничка песна се пласирале на листата за синглови во ОК „Did You Ever?“ (на второ место).

Филмска кариера

уреди

Од 1964 до 1968 година, Ненси се појавила во неколку играни филмови. Во 1966 година глумела заедно со Питер Фонда во филмот од Роџер Корман „Диви ангели“. Во 1968 глумела со Елвис Присли во музичката драма „Спидвеј“. Френк и Ненси Синатра глумеле татко и ќерка во комедијата Брак на карпите од 1965 година.

Личен живот

уреди

Бракови:

  • Томи Сендс, 1960–1965 (развод) [11]
  • Хју Ламберт, 1970-1985 (починал) [12]

Деца (со Ламберт):

  • Анџела Џенифер „Еј Џеј“ Ламберт Папароци
  • Аманда Кетрин Ламберт Ерлингер

На двете нејзини ќерки им биле оставени 1 милион американски долари од тестаментот на нивниот дедо Френк Синатра.[13]

Помеѓу браковите, Ненси била свршена за продуцентот Џек Хејли Џуниор, кој подоцна се оженал за Лајза Минели.[14] Таа, исто така, се состанувала со Мајкл Кејн [15] и Фил Спектор.[16] Исто така, живеела со архитектот Дејвид Клинтон, кој ги дизајнирал и ги изградил двата нејзини дома во Беверли Хилс.

Дискографија

уреди

Солистички студиски албуми

  • Boots (1966)
  • How Does That Grab You? (1966)
  • Nancy in London (1966)
  • Sugar (1967)
  • Country, My Way (1967)
  • Nancy (1969)
  • Woman (1972)
  • One More Time (1995)
  • Sheet Music (1998)
  • How Does It Feel? (1999)
  • California Girl (2002)
  • Nancy Sinatra (2004)
  • Shifting Gears (2013)

Студиски албуми во соработка

  • Nancy & Lee (со Ли Хејзелвуд) (1968)
  • The Sinatra Family Wish You a Merry Christmas (со Френк Синатра, Френк Синатра Јуниор и Тина Синатра) (1968)
  • Nancy & Lee Again (со Ли Хејзелвуд) (1972)
  • Mel & Nancy (со Мел Тилис) (1981)
  • Nancy & Lee 3 (со Ли Хејзелвуд) (2004)

Филмографија

уреди

Играни филмови

  • For Those Who Think Young (1964)
  • Get Yourself a College Girl (1964)
  • Marriage on the Rocks (1965)
  • The Ghost in the Invisible Bikini (1966)
  • The Last of the Secret Agents? (1966)
  • Оскар (1966)
  • The Wild Angels (1966)
  • Speedway (1968)

Документарни филмови

  • Jay Sebring....Cutting to the Truth (2020)

Наводи

уреди
  1. McKay, Mary-Jayne (February 25, 2005). „Nancy Sinatra Walking Back To Fame“. CBS News. Посетено на February 4, 2018.
  2. Празен навод (help)
  3. Fox, Margalit (2018-07-14). „Nancy Barbato Sinatra, 101, an Idol's First Wife and Lasting Confidante, Dies“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2019-08-08.
  4. „Nancy Sinatra“. Biography (англиски). Посетено на 2017-04-12.
  5. „Did Frank Sinatra & Sammy Davis headline a Uni grad night? YES! | UHEF“. 2016-05-08.
  6. „Nancy Sinatra Dean Torrence 1958 University High School Yearbook Los Angeles“.
  7. „Nancy Sinatra | Singer, Actress, Biography, & Facts | Britannica“.
  8. Murrells, Joseph (1978). The Book of Golden Discs (2nd. изд.). London: Barrie and Jenkins Ltd. стр. 212–213 & 229–230. ISBN 978-0-214-20512-5.
  9. Karen Lynn Smith (2010). Popular Dance: From Ballroom to Hip-Hop. Infobase Publishing. стр. 100. ISBN 9781438134765.
  10. Spencer Leigh (25 Sep 2015). Frank Sinatra: An Extraordinary Life. McNidder and Grace Limited. стр. 372. ISBN 9780857160881.
  11. „Nancy Sinatra: 'It still hurts to hear his voice'. Telegraph. Посетено на 2015-08-19.
  12. „Dancer Hugh Lambert, 55, Husband of Nancy Sinatra“. Chicago Tribune. United Press International. 1985-08-22. Архивирано од изворникот на 2018-09-01. Посетено на 2023-10-02.
  13. „Sinatra's Will Leaves $3.5 Million to Widow“. Los Angeles Times. 2010-04-11. Посетено на 2015-08-19.
  14. Randi, Don; Nishimura, Karen (2015). You've Heard These Hands: From the Wall of Sound to the Wrecking Crew and Other Incredible Stories. Hal Leonard. стр. 34. ISBN 9781495050381.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  15. Stadiem, William (2014). Jet Set: The People, the Planes, the Glamour, and the Romance in Aviation's Glory Years. Random House. стр. 73. ISBN 978-0345536976.
  16. „Nancy Sinatra - Family & Companions“. TCM Movie Database. Turner Entertainment Networks, Inc. A Time Warner Company.

Надворешни врски

уреди