Shocking Blue

холандска рок група

Shocking Blue ― холандска рок група формирана во Хаг во 1967 година. Групата била дел од недербит движењето во Холандија. Групата имала низа хит-песни за време на контракултурата во 1960-тите и раните 1970-ти; нивни најпознати песни се „Send Me a Postcard“ и „Venus“, која во текот на 1969 и 1970 година се искачила на прво место на американскиот Billboard Hot 100 и на врвот на топ-листите во многу други земји. Групата до 1973 година продала 13,5 милиони плочи, но се распуштила во 1974 година.[2] Заедно со Golden Earring се сметаат за една од најуспешните недербит групи.

Shocking Blue
1970 black-and-white photo of the Dutch rock band Shocking Blue.
Shocking Blue во 1970
Животописни податоци
ПотеклоХаг, Холандија
Жанрови
Период на активност1967 (1967)–1974 (1974)
(обединувања: 1979, 1980, 1984)
Издавачи

Историја

уреди

Shocking Blue била основана во 1967 година од гитаристот на Motions, Роби ван Левен. Други членови на групата во тоа време биле Фред де Вајлд, Класје ван дер Вал (1 февруари 1949 - 12 февруари 2018 година).[3] и Кор ван дер Бик (9 јуни 1949 - 2 април 1998 година). Тие имале помал хит во 1968 година со песната „Lucy Brown is Back in Town“.

Де Вајлд ја напуштил групата во 1968 година поради отслужување на воениот рок, а Ван Левен ја запознал Маришка Вереш, која во тоа време пеела со клупски бенд. Тој ја убедил да стане пејачка на групата, и со неа го снимиле светскиот хит „Venus“. Песната во февруари 1970 година се искачила на прво место на Billboard Hot 100. Исто така, плочата била продадена во 350.000 примероци во Германија и била на врвот на американската топ-листа три недели, првата песна од Холандија со таков успех. Во САД, плочата била продадена во над еден милион примероци и Здружението на музички сниматели на Америка ја сертифицирало како златна плоча. Вкупната продажба на светско ниво надминала пет милиони примероци.[2] Други хитови на групата се „Send Me a Postcard“ објавена кон крајот на 1968 година и „Long and Lonesome Road“ од 1969 година.[4]

Shocking Blue биле особено популарни во Јапонија и во Латинска Америка. Од 1971 година имало чести промени во составот; Ван Левен си заминал кон крајот на годината по нивната прва турнеја во Јапонија. Во 1974 година групата ја напуштиле Роби ван Левен и Маришка Вереш, по што конечно групата се распаднала, а поединечните членови се приклучиле на други групи. Маришка Вереш започнала соло кариера во 1976 година и оттогаш пеела на германски и англиски јазик.

Обединувања

уреди

Shocking Blue се обединиле во својата најпозната постава во 1979 година и ја снимиле песната „Louise“ како нивен прв сингл по нивното распуштање во 1974 година. Песната не била објавена. Сепак, тие настапиле во живо во 1980 година со нивни претходни песни како „Louise“ и „Never Marry a Railroad Man“.

Групата се обидела да направи кам-бек во 1984 година и објавила нов сингл „The Jury and the Judge“ на А страната и „I Am Hanging on to Love“ на Б-страната во 1986 година.

Во 1994 година бил објавен синглот „Body and Soul“.

Последици

уреди

Тапанарот Кор ван дер Бик починал на 2 Април 1998 година на 49-годишна возраст во Ротердам. Маришка Вереш починала од рак на жолчното кесе на 2 Декември 2006 година на 59-годишна возраст во Хаг.[5][6] Басистот Класје ван дер Вал починал на 12 Февруари 2018 година на 69-годишна возраст.[3]

Членови

уреди
Поранешни членови
  • Роби ван Левен (гитара, ситар и придружни вокали, 1967–1973)
  • Фред де Вајлд (вокал, 1967-1968)
  • Класје ван дер Вол (бас гитара, 1967–1971 година; починал во 2018 година) [7]
  • Кор ван дер Бик (тапани, 1967–1974; починал 1998)
  • Маришка Вереш (вокал, 1968–1974; почина во 2006 година)
  • Лео ван де Кетериј (гитара, 1970–1971; починал во 2021 година)
  • Мартин ван Вијк (гитара, 1973-1974)
  • Henk Smitskamp [nl] (бас гитара, 1972–1974)
  • Вим Воерманс (бас гитара, 1984-1986)
  • Jan Pijnenburg (drummer) [nl] (тапани, 1985-1986)
  • Michael Eschauzier (клавијатури, 1993-2006)
  • André van Geldorp [nl] (гитара, вокал, 1987-2006)
  • Чарлс Пеш
  • Гербен де Брујн (тапани, 1993-1998)
  • Мишел Шројдер (тапани, вокал, 1998-2006)

Времеплов

уреди

Дискографија

уреди

Албуми

уреди

Студиски албуми

уреди
  • Shocking Blue (познат и како Beat with Us, германска верзија) (1967)
  • At Home (познат и како The Shocking Blue, 1970 американска верзија) (1969)
  • Scorpio's Dance (познат и како Sally Was a Good Old Girl, јапонски наслов) (1970)
  • Third Album (познат и како Shocking You) (1971)
  • Inkpot (1972)
  • Attila (познат и како Rock in the Sea, јапонски наслов, и Eve and the Apple) (1972)
  • Ham (1973)
  • Dream on Dreamer (1974)
  • Good Times (1974)

Албуми во живо

уреди
  • Live in Japan (снимен на 28 и 30 јули 1971 година, во Токио) (1971)

Наводи

уреди
  1. Breihan, Tom (December 14, 2018). „The Number Ones: Shocking Blue's "Venus". Stereogum. Посетено на June 19, 2022.
  2. 2,0 2,1 Murrells, Joseph (1978). The Book of Golden Discs (2nd. изд.). London: Barrie and Jenkins Ltd. стр. 267 and 285. ISBN 0-214-20512-6.
  3. 3,0 3,1 „Klaasje van der Wal, Haags popicoon, is overleden“. Haag Media (холандски). Посетено на January 15, 2019.
  4. „Shocking Blue“. Alex Gitlin. Посетено на 2010-07-21.
  5. „Mariska Veres, 59, Singer for Shocking Blue, Dies“. The New York Times. 2006-12-08. Посетено на 2017-07-25.
  6. „News: Obituaries Mariska Veres Singer with Shocking Blue“. The Independent. 2006-12-05. Посетено на 2017-08-28.
  7. de Waard, Peter (8 March 2018). „De mooie jongen van Shocking Blue, die al in 1975 zijn gitaar in de wilgen hing“. de Volkskrant (холандски). Посетено на 31 January 2019.

Надворешни врски

уреди