Корисник:Dentedeleone/Мезопланета
Мезопланетите се тела со планетарна маса помала од Меркур, но поголема од Церера. Терминот прв го употребил Исак Асимов. Ако големината се одредува преку екваторијалниот радиус, мезопланетите треба да имаат приближен радиус од 500 до 2.500 километри.
Историја
уредиТерминот е прв пат го употребил Асимов во својот есеј „Што ни кажува името ", објавен во Лос Анџелес Тајмс (анг: Los Angeles Times) во доцните 1980-ти. [1]
Асимов истакнал дека Сончевиот систем има многу планетарни тела, а границата на поделба на „големите (главните) планети“ од помалите планети била произволни. Асимов истакнал дека има голем јаз во големината помеѓу Меркур (најмалото планетарно тело кое несомнено се сметало за голема планета) и Церера (најголемото планетарно тело кое несомнено се сметало помала планета). Само едно планетарно тело познато во тоа време, Плутон, влегува во тој јаз. И наместо произволно да се одлучува дали Плутон припаѓа на големите или малите планети, Асимов предложил секое планетарно тело што по големината влегува во јазот меѓу Меркур и Церера да се нарече мезопланета, затоа што на грчки мезос (mesos) значи „средина“.
Денес, според оваа дефиниција мезопланети би биле: Плутон, Ерида, Хаумеја, Макемаке, Гунггунг, Квавар, веројатно Седна, а можеби и Орк .
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Jenkins, John H. „Frontiers: New Discoveries About Man and His Planet, Outer Space, and the Universe“. Asimov Reviews. Посетено на 29 July 2015.