Илија Ампевски

уреди
Илија Ампевски
 
Животописни податоци
Познат(а) и какоАмпе
Роден(а)март 24, 1974(1974-03-24)
Скопје
Жанрови
Занимања
  • Музичар
  • Композитор
ИнструментиКларинет, Саксофон, Кавал

Илија Ампевски (24 март 1974, Скопје) — меѓународно истакнат македонски виртуоз на кларинет и саксофон.

Животопис

уреди

Роден 24 Maрт, 1974 во Скопје, Македонија од мајка Марика и татко Благоја од кого и го наследува генот за музика, имено Благоја свиpел хармоника и гитара но имал голема желба да свири кларинет. Кога станува збор за семeјната музичка позадина тука е и бабата Ермофила, мајка на Марика, Ерменка по потекло и дедото Коста од Ениџе Вардарско. Како резултат на овој микс на гени Илија почнува веќе на 15 години да настапува по сeмејни веселби, веридби, свадби, банкети. Првата професионална понуда ја добива од музичката група Кaлабалак, по што следува настапот на „Фолк хит на годината“ по покана на познатата македонска дива Блага Петреска, каде го замнеува легендарниот Ферус Мустафов, после која настап ја добива и најважната понуда во неговиот живот, понуда да стане дел од легендарната група „Македoнски Мерак“ каде рамо до рамо има чест да музицира со легендарниот македонски уметник на хармоника г-динот Милан Завков.

Кога станува збор за влијанието на неговото музицирање, би можело да се каже дека е повеќе страно. Станува збор за сублимат од генијален талент кој го поседува во консталација со одлично музичко образование од мали нозе, работа со извонредни имиња од Балканската музичка сцена и најмногу од се огромен труд и деноноќни движења со „Клара“ и „Caкca“ како што ги има именовано кларинетот и саксофонот.

Образование

уреди

Завршува нижо музичко училиште, средно музичко кај професорите за кларинет Манол Јанев и Стојан Димов во МБУЦ „Илија Николовски –Луј“ и Штипската музичка школа во класата на професорот Раде Стојчев. За себе кажува дека учел од најголемите имиња како Тале Огненовски, Медо Чун, Стеван Христовски, Стојан Трајковски, Иво Папазов и други виртуозни музичари.

Кариера

уреди

Музицирањето со групата „Македонски Мерак“ го извојува како најубав дел од неговиот живот, како и една огромна ризница на спомени кои остануваат засекогаш врежани во неговите сеќавања. Кариера од 35 години, поделена на животот во Македонија, заминувањето во Канада, многубројни настапи во Канадаи низ Америка и огромната пресвртница во животот во 2005-та година за време на турнејата во Австралија. Искуство кое го доживува самиот тој, а за кое кажува дека можело да биде и фатално. Тоа искуство од корен го менува неговиот поглед на свет и самиот тој подоцна се посветува на духовен живот и живот посветен на Бога на кого му е благодарен за секој нов ден и секој нов здив. Длабоко верува дека таленот за да ги забавува луѓето и да се дружи со инструментите му е даден од Бога и дека благодарение на Него ги има достигнато сите висини во својот личен и професионален живот. Токму овој момент е инспирација за неговите 2 албуми со духовна музика посветени на нашиот Креатор.

Соработка

уреди

Не може а да не се споменат соработките со најголемите зведи на македонското естрадно небо од калибарот на Васка Илиева, Александар Сариевски, Благица Павловска, Војо и Биљан Стојановски, Јасмина Гуњова, Елена Георгиева, Зоран Ванев, Јордан Митев и многу други.

Музички иноватор

уреди

На почетокот на оваа година после долгогодишно музицирање открива 2 нови тонови на кларинетот, Илија освен виртуозен музичар, станува и музички иноватор. Не смееме да го изоставиме фактот дека е единствениот Македонец кој ја има добиено почесната виза за траен престој во Австралија од страна на Австралиската влада, како оригинален талент, и талент различен од останатите.

Во последните неколку години живее и работи во Австралија со својата сопруга Емилија и со нивните деца Стефан и Ана. Настапува со македонскиот бенд „Деспина“ но и со многу австралиски музичари меѓу кои био го издвоиле последниот настап во Сиднејската Опера, како и возбудата за следниот настап во оваа престижна музичка куќа кој го очекува во Ноември 2024.