ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ - Скопје

основно и средно училиште во Македонија

ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ (целосно име: Државен музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски-Луј“) — централно основно и средно музичко училиште во градот Скопје, Општина Центар.[1]Училиштето е именувано по истакнатиот македонски композитор Илија Николовски-Луј.

ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“
Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Место
Општина: Општина Центар
Наречено по: Илија Николовски-Луј
Нас. место: Скопје
Адреса: ул. „Црвена Скопска Општина“, бр. 4
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1945; пред 80 години (1945)
Директор: Јован Бицевски
Настава на: македонски и албански
Контактни информации
Мреж. место dmbuc.edu.mk
Телефон 02/3115-527

ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“

Место
Општина: Општина Центар
Место: Скопје
Основни информации
Основано: 1945
Настава на: македонски и албански
Контактни информации

Основање и развојот

уреди

Државниот музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски - Луј“ од Скопје, основан 1945 година, е училиште од посебен интерес за државата. Во него се образуваат кадри од музичката и балетската уметност и како единствен центар од ваков вид тој претставува јадро од кое произлегуваат идните музички и балетски уметници и педагози, кореографи, диригенти, композитори и други музички и балетски културни дејци. Центарот е поделен на основно и на средно образование.

Дејноста во основното музичко и балетско образование се одвива во две насоки: масовно ширење на музичката и балетската култура и професионално насочување на учениците од основниот оддел кон средното насочено образование. Во основното музичко и балетско образование се опфатени ученици од градските и приградските населби на Скопје.

Во средното образование се образуваат кадри од образовните профили: музичар-изведувач, музичар теоретичар, балетски играч - балерина и фолклорен играч. Во средно образование се опфатени ученици од различни градови на Македонија.

Познати личности кои учеле во ова училиште

уреди

Познати личности кои предавале во ова училиште

уреди

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-21.