Колубара (српски: Колубара) — река во западна Србија, десна притока на Сава. Долга е 87 км.

Колубара
Колубара во Ваљево
Местоположба
ЗемјаСрбија
Физички особености
Извор 
 • местоспој на Обиница и Јабланица во Ваљево
 • координати44°15′41″N 19°52′14″E / 44.2615° СГШ; 19.8705° ИГД / 44.2615; 19.8705
Устие 
 • место
Сава кај Обреновац
 • координати
44°39′43″N 20°14′55″E / 44.6620° СГШ; 20.2485° ИГД / 44.6620; 20.2485
Должина86,6 км [1]
Големина на сливот3.638 км2 [1]
Особености на сливот
ТечениеСаваДунавЦрно Море
Карта

Поради многуте долги притоки кои образуваат разгранет системи во сливот на реката, кратката Колубара одводнува релативно големо подрачје од 3.639 км2. Таа е дел од поголемиот црноморски слив.

Реката не е пловна, но нејзината долина игра многу важна сообраќајна улога. Тука се наоѓаат патот Белград-Ваљево, делници на патот Белград-Шабац, Ибарската магистрала и железницата Белград-Бар.

Крај реката во 1914 г. се одиграла Колубарската битка, една од најзначајните битки на Балканот во Првата светска војна.

Во долината на реката е ловиштето „Колубара“, на територијата на општината Лазаревац.[2]

Вододелница

уреди

Колубара се образува со спојот на малите реки Обница и Јабланица.

Обница е река во западна Србија која извира на подножјето на планината Медведник. Тече на исток низ селата Суводање, Бобова, Мајиновиќ, Причевиќ и Златариќ, па во градот Ваљево се спојува со реката Јабланица и ја создава Колубара. Обница е долга 25 км.

Јабланица извира од источните падини на планината Јабланик, на само неколку километри од Обница. Кружи околу планината Парач и крај селото Балиновиќ, па ја среќава Обница во Ваљево. Јабланица е долга 21,5 км long.

Ова е почетокот на областа Колубарска Долина долг 90 км, поделен на два дела — Горна и Долна Колубара (околу белградското предградие Обреновац).

Притоки

уреди

Горна Колубара

уреди

Кај Ваљево Колубара ја прима реката Градац од десно и помеѓу околните планини ја образува Ваљевската Котлина низ која минува во неколку напоредни текови. По Ваљево, најголемиот град во западна Србија, на реката нема поголеми населени места освен селата Млаѓево и Словац. Тука реката ги приам десните притоки Рибница и Лепеница, како и левата притока Рабас. Кај Словац, близу утоката на десната притока Топлица, Колубара ја издлабила епигенетската клисура Словачка Сутјеска, која ја двои Горна од Долна Колубара. Областа Горна Колубара го опфаќа најголемиот дел на денешниот Колубарски Округ.

Долна Колубара

уреди

Колубара свртува на север и продолжува во неколку напоредни текови, тука примајќи ги поголемите притоки Љиг, Турија, Лукавица и Пештан (десни); Кладница и Тамнава (леви). Иако долината е густо населена, покрај самата река нема населени места сè до Обреновац поради поплавување. Неколку километри пред него се влева во Сава (пловна само близу устието во Сава). Меѓутоа, во околината на Колубара има неколку големи села и паланки: Лајковац, Јабучје, Лазаревац, Шопиќ, Скобаљ, Вреоци, Мали Борак, Велики Црљени, Дражевац, Мислоѓин и Барич, каде реката се влева во Сава.

Самата Долна Колубара е поделена на подобласти, Колубарскиот јагленов басен (горен) и микрорегионот Обреновац (долен).

Извори

уреди
  • Mala Prosvetina Enciklopedija, 3. издание (1985); Prosveta; ISBN 86-07-00001-2
  • Jovan Đ. Marković (1990): Enciklopedijski geografski leksikon Jugoslavije; Svjetlost-Sarajevo; ISBN 86-01-02651-6

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Sava River Basin Analysis Report“ (PDF). International Sava River Basin Commission. September 2009. стр. 14. Архивирано од изворникот (PDF, 9.98 МБ) на 17 јули 2010.
  2. Бранка Васиљевић (5 август 2018). „Ловци у Београд стижу породично“. Политика.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди