Купа (река)

(Пренасочено од Колпа)

Купа — десна притока на Сава која оформува природна граница помеѓу северозападна Хрватска и југоисточна Словенија. Реката е долга 297 километри,[3] од кои 118 се на границата помеѓу двете земји, а останатите 179 се наоѓаат во Хрватска.[4]

Купа / Колпа
Купа во градот Карловац, Хрватска
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоРазлоге, Горски Котар, Хрватска
 • надм. вис.313 м[1]
Устие 
 • место
Сава, Сисак, Хрватска
 • надм. вис.
130 м[1]
Должина297 км[2]
Големина на сливот10.032 км2[2]
Проток 
 • просечен283 м3
Особености на сливот
Карта

Купа извира во Хрватска од планинскиот регион Горски Котар, кој е сместен североисточно од Риека, во областа на националниот парк Рисњак. Тече неколку километри на исток, каде се од левата страна ја прима реката Чабранка, а потоа ја достига словенечката граница. Потоа тече помеѓу регионот Бела Краина на север и централна Хрватска на југ. Во Купа се влева реката Лахиња од левата страна во селото Примостек, го поминува Врбовско и се одвојува од словенечката граница кога ќе ја помине Метлика.

Потоа стигнува до Карловац каде ги прима теченијата на реките Добра и Корана. Купа продолжува на исток, каде се спојува со Глина од десно и Одра од лево, тече до градот Сисак каде се влева во реката Сава. На реката Купа е хидроцентралата Озаљ конструирана од страна на српскиот научник Никола Тесла во 1908 година. Горниот тек на Купа е незагаден и се користи за рекреативни спортови и риболов, а реката е пловна во должина од четири километри.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Reke, dolge nad 25 km, in njihova padavinska območja“. Statistical Office of the Republic of Slovenia. 2002. Архивирано од изворникот на 2007-10-20. Посетено на 2017-12-03.
  2. 2,0 2,1 Острошки, Лилјана, уред. (декември 2015). Статистички годишник на Република Хрватска 2015 (PDF). Државен завод за статистика. стр. 49. ISSN 1333-3305. Посетено на 27 декември 2015.
  3. „Main Hydrographic Features in the Sava River Basin“. Sava River Basis Analysis Report (PDF). Zagreb: International Sava River Basin Commission. September 2009. стр. 13. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-17. Посетено на 2017-12-03.
  4. Kolbezen, Marko; Pristov, Janko (1998). Površinski vodotoki in vodna bilanca Slovenije (PDF) (словенечки и англиски). Hidrometeorološki inštitut RS [Hydrometeorological Institute of the Republic of Slovenia]. стр. 8. ISBN 961-6024-04-3.

Надворешни врски

уреди