Одра (притока на Купа)
Одра е река во Хрватска, лева притока и е реката Купа, долга е 83 километри, со слив од 604 км2.[1] Се создава од две краци на Косница и Ломница.
Одра | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Должина | 83 километри |
Особености на сливот | |
Во поголемиот дел тече паралелно со реката Сава. Се влева во Купа кај селото Шишачка Одра кое не е далеку од Сисак. Најважни притоки се Буна и Лекеник. Со својот тек поминува низ рамница и низ шуми. Од каналот Сава-Одра, па сè до селото Шишачка Одра, низ нејзиниот тек нема население. Богата е со животински свет (дабари, риби, големи барски желки, змии, и друго), а на нивните скришни места доаѓаат по вода шумски животни (диви свињи, срни, елени, лисици и друго).
Наводи
уреди- ↑ Острошки, Лилјана, уред. (декември 2015). „1-8. Rivers“. Статистички годишник на Република Хрватска 2015 (PDF). Државен завод за статистика. стр. 49. ISSN 1333-3305. Посетено на 27 декември 2015.