Колку зелена беше мојата долина
Колку зелена беше мојата долина (англиски: How green was my valley) - американски филм од 1941 година, режиран од Џон Форд по сценариото на Филип Дјуни (Philip Dunne), засновано на истоимениот роман на Ричард Ливелин (Richard Llewellyn) од 1939 година. Филмот бил продуциран од Дерил Ф. Занук, а главните улоги ги играат: Волтер Пиџон (Walter Pidgeon), Морин О'Хара (Maureen O'Hara), Ана Ли (Anna Lee), Доналд Крисп (Donald Crisp), Џон Лодер (John Loder), Сара Олгуд (Sara Allgood), Бери Фицџералд (Barry Fitzgerald) и Роди Мекдовал (Roddy McDowall).
„Колку зелена беше мојата долина“ | |
---|---|
Филмскиот плакат | |
Режисер | Џон Форд |
Продуцент | Дерил Ф. Занук |
Раскажувач | Ирвинг Пичел |
Главни улоги | Волтер Пиџион Морин Охара Ана Ли Доналд Крисп Роди Мекдовал |
Музика | Алфред Њуман |
Кинематографија | Артур К. Милер |
Монтажа | Џејмс Б. Кларк |
Дистрибутер | „20th Century Fox“ |
Премиера | октомври 28 1941 |
Времетраење | 118 минути |
Земја | САД |
Јазик | Англиски Велшки |
Буџет | $1,25 милиони |
Бруто заработка | $6 милиони |
Синопсис
уредиФилмот ја обработва приказната за Морганови, вредно Велшко семејство во времето на почетокот од XX век. Акцентот е ставен на социо-економскиот живот и распаѓањето на семејството. Речиси целиот филм е прикажан како ретроспекција во која главниот лик се сеќава на своето детство. Хју Морган (го игра Мекдовал), заминувајќи во светот во потрага по подобар живот, се присетува на своето детство во еден мал велшки град кон крајот на XIX век. Татко му и неговите постари браќа работеле во локалниот рудник за јаглен. Меѓутоа, условите за работа станувале понеповолни, зашто на рударите им биле намалени платите поради што тие започнале штрајк. Стариот Морган бил единствениот што бил против штрајкот и поради тоа повеќето негови синови го напуштиле домот. Во тоа време, Хју и мајка му доживеале несреќа по која долго време тој бил прикован за постелата, без способност да оди, но со помош на свештеникот успеал да прооди. Истовремено, во местото пристигнал нов свештеник (го игра Пиџон) во кого се вљубила сестрата на Хју, Анхарад (ја игра О'Хара). И свештеникот бил вљубен во неа, но за да ја заштити од сиромаштијата, ја одбил нејзината љубов, а потоа таа се омажила за синот на сопственикот на рудникот. Хју се запишал на училиште, но откако погинал најстариот брат, тој одлучил да стане рудар. Неговите браќа биле отпуштени од работа и тие заминале на печалба, така што Хју останал единствениот син во семејството. По некое време, во местото се вратила Анхарад, но без сопругот и набргу почнале да се шират озборувања за нејзината љубов со свештеникот. Поради тоа, црковниот одбор одржал состанок со намера да го отпушти свештеникот од работа, а во тој миг се случила несреќа во рудникот. Свештеникот, Хју и неколку други луѓе слегле во рудникот за да ги побараат работниците што останале заробени во урнатините, но во несреќата погинал стариот Морган.[1]
Осврт кон филмот
уредиФилмот бил номиниран за „Оскар“ во десет категории,[2] а победил во пет (најдобар филм, режисер, фотографија, сценографија и споредна машка улога).[1] Филмот осовил оскар за најдобар филм, победувајќи ги филмовите „Граѓанинот Кејн“, „Малтешкиот сокол“, „Сомневање“ и „Наредникот Јорк“. Во 1990 година, Колку зелена беше мојата долина бил зачуван во Националниот филмски регистар на САД како „културолошки, историски или естетски значаен“ филм. Филмот се одликува со прекрасна црно-бела фотографија која на сликите на тешкиот рударски живот фрла лирска, импресионистичка нота. Исто така, филмот обилува со наводи на христијанското страдање, главно изразени низ сугестивните лица на главните јунаци. Најпосле, вешто се режирани и масовните сцени на заминувањето на рударите на работа, вклучувајќи ја и славната сцена на спасувањето на повредените рудари од урнатините во рудникот.[1]
Надворешни врски
уреди- How Green Was My Valley на Семрежната филмската база на податоци
- How Green Was My Valley на филмската база TCM
- How Green Was My Valley — AllMovie (англиски)
- How Green Was My Valley на Rotten Tomatoes.
- How Green Was My Valley на Reel Classics
- How Green Was My Valley на Film Site мрежно место за дејствието во филмот.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 HRT, Kako je bila zelena moja dolina, američki film (пристапено на 7.4.2020)
- ↑ „Њујорк Тајмс: „Колку зелена беше мојата долина“. Њујорк Тајмс. Посетено на 13 декември 2008.
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>