Коле Манев
Коле Манев (Бапчор, Костурско, егејскиот дел на Македонија, 11 ноември 1941 - Скопје, 22 јануари 2025[1]) — познат македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката, каде снимал филмови за Вардар филм и МРТ 1.[2]
Коле Манев | |
---|---|
Роден(а) | 11 ноември 1941 Бапчор, Грчка Држава |
Починал(а) | 22 јануари 2025 Скопје, Македонија | (возр. 83)
Националност | Македонец |
Народност | Македонец |
Занимање | Сликар Режисер |
Познат(а) по | познат по режија на: Мост Еко Скоп |
Страница www.novamakedonija.com.mk www.denesen.mk |
Животопис
уредиМанев е роден на 11 ноември 1941 година во Бапчор, Егејска Македонија. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Во 1960 година завршил прв степен на Ликовната академија во Белград, а потоа заминал на студиски престој во Париз. Оттаму заминал за Прага, каде што посетувал предавања за анимиран филм. Манев своите дела до денес ги изложил на повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од Балканот. Добитник бил на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство.
Тој има снимено и два играни филмови, по негово сценарио и режија Мост (2006) и Еко Скоп (2022).
Манев бил соработник и колумнист долги години на „Нова Македонија“. Одреден период соработувал и со порталот „Денешен весник“.
Наводи
уреди- ↑ „Почина познатиот македонски сликар и филмски работник Коле Манев“. Нова Македонија. Посетено на 22 јануари 2025.
- ↑ Бошковска, Надица (2000). Библиографија на македонската ликовна уметност. НУБ „Климент Охридски“.
Надворешни врски
уреди- Коле Манев: Од Бапчор до Орадеа[мртва врска] - од колумната на Нова Македонија
- Изложбата во Воден на бегалецот од Бапчор[мртва врска] - од колумната на Нова Македонија