Ковачевци (Перничко)

Ковачѐвци (бугарски: Ковачевци) — село во Западна Бугарија, административен центар на општината Ковачевци во Перничката Oбласт. Има население од околу 342 жители (2022).[1]

Ковачевци
Ковачевци
село
Зградата на општината
Зградата на општината
Ковачевци is located in Бугарија
Ковачевци
Ковачевци
Местоположба на Ковачевци во Бугарија
Координати: 42°33′16″N 22°49′06″E / 42.554471° СГШ; 22.818336° ИГД / 42.554471; 22.818336
ЗемјаБугарија
ОбластПерник
ОпштинаКовачевци
Управа
 • ГрадоначалникВасил Станимиров (БСП)
Површина
 • Вкупна9,81 км2 (3,79 ми2)
Надм. вис.&10000000000000650000000650 м
Население (2022)
 • Вкупно342
 • Густина35/км2 (90/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код2450
Повик. бр.+359 07727
Мреж. местоkovachevtsi.com

Географија

уреди

Селото се наоѓа во планинско продрачје, на 25 километри од регионалниот центар Перник и на 55 километри од главниот град Софија. Во близина на селото се наоѓа акумулацијата „Пчелина“.

Историја

уреди

Името на селото било писмено потврдено во османлиските даночни регистри од 1576 година под образецот Ковачова. Може да се претпостави дека е поврзано со ковачкиот занает на непознато семејство од овие простори. За време на османлиското владеење, Ковачевци било запалено и уништено двапати - првиот пат во 1806 година од ордите на Кара Феиз, а вториот пат — во 1850 година од башибозук, за време на востанието на Бугарите од северозападна Бугарија, кога локалното население исто така се побунило. Селото било ослободено во јануари 1878 година од четата на Иљо Војвода.

Веднаш по Руско-турската војна и Кресненско-разлошкото востание, овде дошле бегалци од Пиринско. Меѓу нив се Димитар Тренчев и Параскева Дошева — родителите на Георги Димитров, кој бил роден во Ковачевци во 1882 година.

За време на комунистичкиот режим во Бугарија, фактот дека во Ковачевци бил роден Георги Димитров, придонесол за развојот на селото — биле реконструирани улици, била изградена спомен-куќа посветена на дикаторот, била реновирана неговата родна куќа, бил организиран спомен-парк.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди