Clostridium tetani
Clostridium tetani | |
---|---|
Clostridium tetani | |
Научна класификација | |
Царство: | Bacteria |
Колено: | Firmicutes |
Класа: | Clostridia |
Ред: | Clostridiales |
Семејство: | Clostridiaceae |
Род: | Clostridium |
Вид: | C. tetani |
Научен назив | |
Clostridium tetani Flügge, 1881 |
Clostridium tetani е право тенко стапченце со перитрихијални флагели. Капсула нема, спорите му се наоѓаат терминално и се бои по Грам.
Токсичност
уредиClostridium tetani лачи вистински егзотоксин. Тој се состои од две компоненти:
- Тетаноспазмин, кој предизвикува грчеви на напрешно пругастите мускули;
- Тетанолизин, кој ги хемолизира еритроцитите.
Епидемиологија
уредиЖивее како сапрофит во цревата на домашните животни. Се исфрла соизметот во тревата, земјата и предметите. На тетанусна инфекција се изложени физичките работници-земјоделците. Кај нас се јавува спорадично поради ниска здравствена просветеност и нехигиенски навики кога на тетанусните повреди(длабоки убоди,убод од шајка, дрва и др.) не се обрнува доволно внимание.
Форми на тетанус
уредиИма повеќе форми на тетанус но ние ќе ги спомнеме само основните две форми.
Гиниколошки тетанус
уредиСе јавува при вршење на криминални абортуси од нестручни лица со нестерилни инструменти(предмети)
Неонатален тетанус
уредиКај новороденчиња како резултат на нехигиенско сечење на папочната врска со нестерилни предмети.
Патогенеза
уредиСпорите навлегуваат во раната при повреда или подоцна кога таа е отворена. Секоја повреда не подразбира појава на тетанус. Тука на влезното место го излачува својот егзотоксин кој дифундира кон периферните нерви на ЦНС, а потоа по лимфен пат до целата мускулатура.
Инкубацијата изнесува од 7-14 дена, ретко до 2 месеци. Во зависност од локализацијата на местото на повредата имаме:
- Локален тетанус, кај лица кои биле некомплетно вакцинирани, се јавува грч на рацете и нозете.
- Генерализиран тетанус, е потешка форма на тетанус која започнува со грч на мускулите на лицето(челото,очните и мускулите околу устата), која дава карактеристичен изглед наречен Facies tetanicus (болниот како да се смее, а околу очите како да плаче). Потоа тоничниот грч го зафаќа вратот, градниот кош и абдоменот. Грчевите се многу болни, се повторуваат иако нападите се зголемени. Ако ги зафатаат меѓуребрените мускули настапува смрт. Ова трае 10 дена, а мускулите се опуштаат после 1-2 месеци од почетокот на болеста.
Терапија
уредиТерапијата е долготрајна и тешка. Се состои од:
- серотерапија;
- обработка на раната;
- седативи и хипнотици;
- снтибиотици;
- симптоматска терапија;
- рехидратација;
- исрхана(лесна и калорична).
Профилакса
уредиАктивна имунизација е задолжителна за сите деца до две години, ученици и војници. Се почнува во четвртиот месец со DI-TE-PER вакцина во три дози, субкутано на растојание од 4-6 недели. Првата ревакцинација се врши по три години. Втората ревакцинација е со DI-TE вакцина на 7 години. А понатаму на секои 5-7 години до наполнети 20 години. Пасивна имунизација се спроведува со серум во текот на првите 6-12 часа од повредата, а истите луѓе примаат теталпан.