Клод Жозеф Верне

француски поморски сликар

Клод Жозеф Верне (француски: Claude Joseph Vernet; 14 август 1714 - 3 декември 1789) — француски сликар, познат по неговите предели и поморски теми.

Клод Жозеф Верне
Claude Joseph Vernet
Портрет на К. Ж. Верне од Елизабет Виже Лебрен, 1778 г.
Роден(а)14 август 1714(1714-08-14)
Авињон
Починал(а)3 декември 1789(1789-12-03) (возр. 75)
Париз
НационалностФранцузин
Познат(а) посликарство

Живот и дело

уреди

Роден е во Авињон, Прованса, во семејството на успешниот украсен сликар Антоан Верне (1689–1753).[1] Веќе на четиринаесетгодишна возраст зема учество во изведувањето на најважните нарачки во татковото студио. По извесно време го губи интересот за украсување на дамски носилки, па трга за Рим во потрага по поголемо мајсторство. Пловидбата од Марсеј за Читавекја му остава силен впечаток и му поттикнува интерес за китовите. По самото пристигање, веднаш станува ученик на поморскиот сликар Бернардино Ферџони.[2]

Пробив и работа во Рим

уреди

Во 1734 г. Верне преоѓа во Рим за да ги изучува пределните и поморските сликари како Клод Желе, каде го стекнува својот стил и тематика на работа.[3]

Во Рим, Манглард студирал кај Бернардино Фергиони и Адриен Манглард.[4][5][6][7]

Постепено Верне се истакнува во уметничките кругови на Рим и стекнува углед. Неговиот стил се одликува со верно предавање на природните услови, но со своја необична сликовита вештина. Особено забележително е неговото претставување на човекот како суштински дел од глетката, и сосема вплотен во неа.[2] Во овој поглед, Верне извршил силно влијание врз Џовани Паоло Панини, со кој веројатно соработувал. Неговите дела редовно прикажуваат тематика од природата, но без изразена сентименталност, туку наполно украсно.[8] Во таа насока, самиот Верне забележал: „Можеби други знаат подобро да го насликаат небото, земјата и морето; но никој не знае да изработи слика подобро од мене“.[2] Стилот му останал прилично непроменет во текот на целиот работен век. Посветеноста на доловување на атмосферските услови и чувството за складност потсетуваат на Клод Лорен.

Верне проведува дваесет години во Рим, каде слика пристаништа, бури, спокојни глетки, месечева светлина и големи китови. Станува особено популарен меѓу англиските аристократи дојдени на Големата обиколка. Во 1745 г. се оженил за Англичанка, која ја запознал во градот.

Период во Париз

уреди
 
Марсејското пристаниште (1754).

Во 1753 г. Верне е повикан во Париз, каде кралска заповед, изработува низа слики од пристаништа на Франција (денес во „Лувр“ и Националниот поморски музеј) по кои денес е најпознат.[8] Меѓу нив особено се издвојува делото Рошфорското пристаниште (1763) каде, според британскиот ликовен историчар Мајкл Леви, Вернер успева да создаде „кристално и атмосферски чувствително небо“ како во ретко кое дело. Во нив, Верне исто така настојува да ја долови раздвиженоста на пристаништата, прикажувајќи ги граѓаните во најразлични активности.

Во 1757 г. слика збир од четири дела насловени како Четирите времиња во денот на кои се претставени разните делови од едно деноноќие. Во целиот творечки живот, Верне постојано се навраќа на Италија како тема, што е видливо во подоцнежните дела како Насукан кит.[8] По враќањето од Рим, станува член на Кралската академија на сликарството и вајарството, иако во неа почнува да излага уште од 1746 и во наредните години, па сè до крајот на животот.

Смрт и оставнина

уреди

Умира во својот стан во Лувр на 3 декември 1789 г. По неговите стапки поаѓаат синот Карл и внукот Орас Верне.

Вернеовите дела се пренесувале на бакропис и во печат од низа истакнати гравери, меѓу кои се издвојуваат Жак Филип Лебас, Шарл Никола Кошен, Пјер Франсоа Басан, Пјер Дире, Шарл Жозеф Флипар и Жан Жак Лево во Франција, како и Франсоа Вивар во Англија.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Клод-Жозеф ВернеНационална галерија - Лондон (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3   One or more of the preceding sentences вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Vernet s.v. Claude Joseph Vernet“ . Encyclopædia Britannica. 27 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 1030.
  3. „claude-joseph-vernet-a-storm-on-a-mediterranean-coast“. www.getty.edu/art/collection.
  4. „Marina di Anzio“. Accademia di San Luca. Архивирано од изворникот на 2015-09-20. Посетено на 9 October 2020.
  5. „Vernet“. Treccani. Посетено на 9 October 2020.
  6. Greater London Council, Joseph Vernet, Philip Conisbee (1976). Claude-Joseph Vernet, 1714-1789. The Council; University of Michigan. стр. 1728, 1739, 1747.CS1-одржување: користи параметар authors (link)
  7. Silvia Maddalo (1982). Adrien Manglard (1695-1760). Multigrafica; University of Virginia. стр. 20–28.
  8. 8,0 8,1 8,2 Michael Levey. Painting and Sculpture in France, 1700–1789. Yale University Press.

Надворешни врски

уреди