Челик-чомак

(Пренасочено од Клиса)

Челик-чомак (турски: Çelikçomak), челик[1][2] или клиса[3][4] – вид детска игра со две стапчиња, едното со должина од околу една педа „челик“ и другото со должина од 70 до 100 см „чомак“ и најмалку двајца учесници[5]. За играта постојат голем број на имиња во зависност од областа, со мали промена на правилата на игра. Оваа игра со стапови била многу распространета на Балканот, но се игра и во доста други земји (Италија, Турција, Бангладеш, Индија, Непал, Камбоџа, Авганистан, Пакистан).

Челик-чомак
Играчи најмалку двајца
Време на подготовка нема
Времетрање на играта
Комплексност на правилата средна
Стратешка длабочина мала
Случаен елемент среден
Потребна вештина вештина и брзина со раце, чувство за простор
Две деца играат челик-чомак

Челик-чомакот е стара игра во Индија, веројатно постара од 2500 години[6][7]. Според одредени мислења западните игри како крикет, бејзбол и софтбол потекнуваат од оваа стара игра.

Потекло на поимот

уреди

Зборот е турцизам, доаѓа од турскиот збор за оваа игра çelikçomak.

Опис на играта

уреди

Секој учесник или група има свои „челик“ и „чомак“ кои се изработувале рачно и од нивната добра изработка, покрај од вештината на играчите, зависела и изведбата. Челикот бил помало, јако, дебело стапче, спротивно наделкано на двата краја со должина од 15-20 см. Чомакот бил подолг, со должина од 70 до 100 см, стап со кој се удирал челикот.

Се одредувала почетна точка каде се копала дупка во земјата или се местеле два камења еден до друг така што челикот да може да виси на нив и со чомакот да биде удрен одоздола. Околу оваа точка се цртал круг со полупречник од пола метар.

Се одредувала која екипа прва ќе почне и еден нејзин играч со чомакот го исфрлал челикот што подалеку, а другата екипа се обидувала да го фати или да го допре. Доколку успеела во тоа, таа екипа ја заземала почетната точка и се менувале улогите. Доколку не успеела, од местото каде што паднал челикот се обидувале да го вратат во кругот, додека играч од другата екипа го штител кругот со чомакот (имал право да го погоди и да го исфрли што подалеку). Бодовите се сметале со мерење на должината (со број на должини на чомакот) каде што паднал челикот по второто фрлање. Победувала екипата која ќе соберела најмногу бодови во однапред договореното време.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди