Центриолите се својствени за животинските клетки. Тие се најчесто две и се наоѓаат до јадрото, а најдобро се забележуваат во клетки што се делат.

Три-димензионален изглед на центриола

Центриолите се цилиндрични структури, чиј ѕид е изграден од 9 групи по 3 микротубули кои делумно се споени, а срцевината е исполнета со еднородна материја.

Центриолите играат важна улога при делбата на јадрото, бидејќи учествуваат во создавањето на делбеното вретено. Имаат слична градба со базалните телца и имаат способност да се претворат во нив, и обратно.