Липобелковините (липопротеини) се биокомплекси, односно сложени белковини чија простетична група е некој липид, како на пример фосфатид, сфингомиелин, холестерол, каротин итн.

Структура на хиломикрон.
ApoA, ApoB, ApoC, ApoE се аполипобелковини; зелените честички се фосфолипиди; 'Т' е триацилглицерол; 'Ц' е естер на холестерол.

Липобелковините кои се наоѓаат во телесните течности (серум, ликвор) се растворени. Еден од најзначајните претставници е β-липобелковината.

Во клеточната мембрана и структурните елементи на клетката (гранулите и митохондриите) се наоѓаат нерастворени липобелковини. Всушност, клеточната мембрана претставува многу сложено граден липобелковински комплекс.

Комплексите на каротините со белковините се обоени липобелковини. Таква белковини е родопсинот (видниот пурпур).

Видови липобелковини

уреди

Врз основа на одликите, липобелковините се поделени во неколку групи:

Липобелковина Големина на честичката (нм) Концентрација
кај мажи (гр/Л)
Концентрација
кај жени (гр/Л)
Хиломикрони < 10000 < 0,1 < 0,1
VLDL - Very Low Density Lipoprotein 50 0,5-2,0 0,5-1,5
IDL - Intermediate Density Lipoprotein 30
LDL - Low Density Lipoprotein 21 2,0-3,5 2,0-3,0
Липобелковина a - Lp(a) 25 0,01-0,5 0,01-0,5
HDL - High Density Lipoprotein
  HDLE 12 <0,05 <0,05
  HDL2 10 0,5-1,0 0,5-1,0
  HDL3 8 1,0-2,0 1,0-2,0
  VHDL - Very High Density Lipoprotein 7 0,1-0,2 0,1-0,2

Поврзано

уреди