Ендоплазматичен ретикулум

Ендоплазматичниот ретикулум (латински: reticulum-мрежа) е универзална органела која во клетката е претставена со систем на ципни структури, кои најчесто се поврзани и формираат мрежа. Испреплетените ципни структури на ендоплазматичниот ретикулум во цитоплазмата, овозможуваат континуитет со јадрената ципа, со ципите на Голџиевиот системот и на другите органели.

Микрофотографија на грануларен ендоплазматичен ретикулум околу јадро (кое се наоѓа во долниот десен агол). Темните мали кругови се митохондрии.

СтруктураУреди

Површината на ципите на Е.П.Р. може да биде со рибозоми или без нив, па според тоа разликуваме груб (зрнест, грануларен) ендоплазматичен ретикулум и мазен (агрануларен) ендоплазматичен ретикулум, соодветно.

ФункцијаУреди

Е.П.Р. претставува внатрешноклеточен крвоток, низ кој се пренесуваат белковините, јаглехидратите и други материи. Зрнестиот Е.П.Р. учествува во синтезата на белковините.

Подобро е развиен ендоплазматичниот ретикулум во клетките кои покажуваат поголема активност, како на пример, во клетките на мускулите, а кај младите недиференцирани клетки (ембрионални и творни) е послабо развиен.