Кицо Ристов Аврамоски ( 1921 во Цер (село), Кичевско1944 во Мажучиште, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кицо Аврамоски
Роден 1921 година
Цер, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал октомври, 1944 година
Мажучиште, Прилепско, Македонија
Националност Македонец

Животопис

уреди

Произлегувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Работел како работник на повеќе места. Бидејќи неговото село било под окупација на фашистичка Бугарија, бил мобилизиран во бугарската војска во текот на 1943 година. При едно негово отсуство, тој повеќе не се вратил во окупаторската војска, туку заминал во партизани во Крушевскиот партизански одред, а потоа бил во Петтата македонска народноослободителна бригада. Во борбата кај селото Мажучиште - Прилепско бил тешко ранет и од добиените рани умрел во октомври 1944 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 35.