Кирил V Цариградски
Кирил V Цариградски — Вселенски патријарх во два наврати од 1748 до 1751 година и од 1752 до 1757 година.
Кирил V Цариградски | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
На служба | 28 септември 1748 –мај 1751 7 септември 1752 – 16 јануари 1757 |
Претходник | Пајсиј II Пајсиј II |
Наследник | Пајсиј II Калиник IV |
Лични податоци | |
Починал | 27 јули 1775 Света Гора |
Претх. служба | Митрополит во Никомедија |
Контроверзна личност, честопати обвинувана за неговите идеи за крштевањето,[1] во 1755 ја дал Заповедта, канонски документ со кој се запоставува претходната употреба на прифаќањето на преобратените христијани преку Миропозанието, според кој сите неправославни вклучувајќи ги тука и католичките крштевки се неважечки и соте преобратеници мора да бидат пркрстени.[2]
Живот
уредиКирил по потекло бил од Димицана,[3] на Пелопонез. Како младич, бил заробен во Турско–Венециската војна и по ослободувањето заминал на Патмос каде станал монах. На Патмос исто така продолжил со своето школување но бил избркан од училиштето порад одредени судири пред да дипломира.[1]
Во 1737 година бил назначен за митрополит Мелнички а во 1745 година бил унапреден во епископ Никомедиски.[4] На 28 септември 1748 година бил избран за патријарх на местото на Пајсиј II,[5] иако неколку дена претходно му се заколнал на Пајсиј дека нема да се обиде да го разреши.[6]
Како патријарх Кирил тој имал три приоритети: справување со финансиите, борбата против католичките тврдења и давањето на насоки на монасите. За да ја подобри финансиската состојба ги покачил даноците на митрополитите на ги намалил на малите парохии: ова било мошне успешно но го направило непоуларен меѓу епископите. Цврто го поддржувал прекрстувањето на сите преображеници, особено жените,[7] бидејќи ги сметал ерменските и католичките крштевања за неважечки. Овие негови залагања предизвикале незадоволство меѓу митрополитите кои го разрешиле во мај 1751 година и го поставиле поумерениот Пајсиј II на негово место. Кирил се повлекол на островот Халки, близу Цариград.
Кирил сепак го поддржувале поголем број од населението,поради неговите одлуки во врска со даноците и поради неговото спротивставување на Католичката црква. Во оваа насока на Кирил му помогнал чудотворецот и демагошки монах Авксентиј[6] кој проповедал силно против католиците и поттикнувал бунтови кои кулуминирале со насилен напад на патријархатот и заробување на Пајсиј.[7] Бунтовите биле задушени, но турските власти побарале смена на Пајсиј и,[6] во замена зао значајна сума на пари (45.000 гроша[8]:166), го назначиле Кирил V за патријарх, на 7 септември 1752 година.
Како почит кон монасите, Кирил во 1749 година ја воспоставил Атонитската академија на Света Гора, и во 1753 година го повикал истакнатиот теолог и учител Евгениј Бугарски да раководи со академијата. Сепак просветлувачките идеи на Бугарски биле пресовремени за монасите и тој морал да се повлече во 1758 година.[6]:220
Противниците на Кирил биле водени од страна на митрополитот Проилавски и иден патријарх, Калиник. Откако Кирил наредил Калиник да биде протеран на Синајската Гора, Калиник се засолнил во француската амбасада во Цариград. Тука Калиник се стекнал со голема сума на пари која му ја дал на султанот Осман III што довело до втора и последна смена на Кирил на 16 јануари 1757 година.[7]
Кирил бил протеран на Синајската Гора, и подоцна под патријахувањето на Серафим II тој му дозволил да се врати на Света Гора. Во 1763 година се вратил во Цариград во обид да се врати на патријахалниот престол, но набрзо и насила бил вратен назад каде починал на 27 јули 1775 година.[1]
Заповедта и крштевањата
уредиОд самиот почеток на своето патријархување Кирил заземал строг став а исправноста на крштевањата спроведени од страна на Ерменската православна црква и Католичката црква, и последователно на сите други нивни дејства. Ова гледиште е познато под името анабаптизам, поим кој не поврзан со протестантскиот анабаптизам. ова верување било вкоренето поради големата антикатоличка омраза во XVIII век, најверојатно предизвикана од католичките преобратувања. Главни претставници биле Евгениј Бугарски, Евстратиј Аргенти и чудотворецот монах Авксентиј, кој успеал да насобере антикатолички маси народ.[7]
Прашањето поврзано со важноста на крштевањата настанале по Турско–Венециската војна, кога венециското владение со Пелопонез било заменето со она на Османлиите. Османлиите владееле со христијаните преку систем наречен милет и католиците ги ставиле под власта на патријархот, предизвикувајќи бројни преминувања во православие. Кириловите дејства со кои се барало прекрстување на преобратениците било поради тоа што бил противник на католиците и поради желбата на луѓето да им даде правилно крштевање.[6]
Од 1752 година Кирил наредил во сите случаи ерменските и католичките преобратеници да се прекрстат. Светиот синод се состанал на 28 април 1755 година и гласал против предлогот на Кирил сметајќи го за новост и непредвидена постапка која не била во согласност со старите канони и било во спротивност со литургиската пракса. По оваа одлука Кирил ги протерал членовите на Светиот синод кои биле против неговите гледишта.[7]
Во јуни 1755 Кирил издал писмо со наслов „Анатема на оние кои го прифатиле папските свети тајни“, и месец подоцна ја издал формалмата „Заповед на Големата света Христова црква“ според која прекрстувањето било задолжително за сите преобратеници.Заповедта имала најмалку седум измени[8]:197 и повторно била изменета при таканаречениот Цариградски собор од 1756 година со потписите на патријархот Матеј Александриски, и патријархот Партениј Ерусалимски.
Важно е да се напомене дека важноста на неправославните крштевања не била поврзана со кривиоверските доктрини или пак поради другите цркви, туку едноставно требало крштевањето да се спроведе според правосланите правила, т.е. со тројно потопување од стрна на свештеник или пак друг верник.
Ниту една источна православна црква, само Грчката православна црква ја прифатиле Заповедта.[9] Руската православна црква продолжила да ги следи веќе постоечките канони, според кој католичките и протестантските крштевки биле важечки и немало потреба од повторно прекрстување.[9] Заповедта никогаш не била повлечена, но од почетокот на XX век Грчката православна црква одобрила други начини за прием на новите верници.[2] Заповедта и денес сѐ уште се смета за важечка од одредени православни конзервативни кругови.[10]
Според научникот К.A. Фрази, Заповедта, а не настаните од 1054 година, ја означува вистинската поделба.[11]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Moustakas Konstantinos. „Kyrillos V of Constantinople“. Encyclopaedia of the Hellenic World, Asia Minor. Посетено на 18 June 2011.
- ↑ 2,0 2,1 Meyendorff, John (1981). The Orthodox Church : its past and its role in the world today. Crestwood, N.Y: St. Vladimir's Seminary Press. стр. 88–89. ISBN 978-0-913836-81-1.
- ↑ The scholar Gedeon (Πατριαρχικοί Πίνακες, 1890) suggested Nafplio in place of Dimitsana
- ↑ „Κύριλλος Ε´“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 19 June 2011.(грчки)
- ↑ Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 41. ISBN 978-1-4344-5876-6.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 357–9. ISBN 978-0-521-31310-0.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Frazee, Charles (2006). Catholics and sultans : the church and the Ottoman Empire, 1453-1923. London: Cambridge University Press. стр. 160–2. ISBN 0-521-02700-4.
- ↑ 8,0 8,1 Papadopoullos, Theodōros (1952). Studies and documents relating to the history of the Greek Church and people under Turkish domination. Brussels. стр. 166, 197.
- ↑ 9,0 9,1 Ambrosius Pogodin. „On the Question of the Order of Reception of Persons into the Orthodox Church“. III, The decision of the Constantinople Council of 1756. Vestnik Russkogo Khristianskogo Dvizheniya (173 I-1996 and 174 II-1996/I-1997). Посетено на 20 June 2011.
- ↑ Meyendorff, John (1975). Christ in Eastern Christian thought. Crestwood, N.Y: St. Vladimir's Seminary Press. стр. 151. ISBN 978-0-913836-27-9.
- ↑ Frazee, Charles (1997). World History the Easy Way: A.D. 1500 to the present. Barron's Educational Series. стр. 105. ISBN 978-0-8120-9766-5.
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Пајсиј II |
Цариградски патријарх 1748-1751 (прво начелствување) |
Наследник Пајсиј II |
Претходник Пајсиј II |
Цариградски патријарх 1752-1757 (второ начелствување) |
Наследник Калиник IV |