Д-р Кирил Минчев Методиев (22 јули 1922 во Ваташа — ) — учесник во НОВ на Македонија и продекан на Медицинскиот факултет во Скопје.[1]

Животопис

уреди

Основно училиште завршил во Неготин Краина, второ во Белград, а до четврто одделение во Скопје. Гимназија завршил во Скопје, а во 1941 година се запишал на Медицинскиот факултет во Софија. Студиите ги прекинал поради војната, а истиот го завршил во Белград во 1950 година. Од 1944 година стапил во НОВ во Четириесет и втората македонска бригада, со која учествува и на Сремскиот фронт. Заземал одговорно место во санитетот на бригадата.[1]

На Институтот за белодробни заболувања во Скопје е од 1950 година. Специјализирал физиологија во Скопје. Бил директор на Институтот за белодробни заболувања во Скопје, а бил и продекан на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 421. ISBN 978-608-4621-04-1.