Борис Минчев
Борис Минчев ( 1878 во Ваташа — ) — македонски учител и подржувач на Македонската револуционерна организација.[1]
Животопис
уредиБил роден во имотно трговско семејство. Завршил прогимназија во Кавадарци и егзархиска машка гимназија во Солун. Активно ја помагал револуционерната Организација заедно со постариот брат Иванче и сестра му Тима. Пред Илинденското востание бил уапсен од турските власти и осуден на 9 години затвор. Бил ослободен со амнестијата дадена за време на Младотурската револуција во 1908 година.[1]
Бил учител во прогимназијата во Струмица каде предавал француски и турски јазик. Се оженил во Струмица и се преселил во Кавадарци, каде работи како наставник по француски јазик во кавадаречката нижа гимназија. За време на Тиквешкото востание бил испратен на курс за учители во селото Борча, близу Белград. Каде требало добро да го совлада српскиот јазик и историја за да може да предава во Кавадарци. По Првата светска војна останал без работа. Поради големите малтретирања од страна на српските власти по формирањето на Кралството Југославија, емигрирал во Бугарија.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 422. ISBN 978-608-4621-04-1.