Киово (Горни Балван)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Градиште“
| |
Местоположба | 41°50′31″N 22°11′57″E / 41.84194° СГШ; 22.19917° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Горни Балван |
Општина | Карбинци |
Тип | |
Период | римско време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Градиште или Киево — археолошко наоѓалиште во штипското село Горни Балван. Претставува градиште од римското време и средновековна црква со некропола. На тромеѓата меѓу атарите на селата Горни Балван, Батање и Горно Трогерци се издига ридот Киово или Градиште. На врвот има зарамнето плато со димензии од околу 300 × 150 м, издолжено во правец север-југ, на кое се гледаат остатоци од темели на широки од бедем, парчиња од тули и тегули. Во неговото подножје има малку поткренато плато на кое се наоѓа црквичката Св. Јован, изградена 1948 година, и тоа врз постари темели. Според кажувањата на учесниците во работата, биле откопани и два гроба.[1]
Поврзано
уреди- Градиште - Богослов Камен — утврдување од римското време;
- Градиште - Лоза — утврдување од римското време;
- Лозја — осамен наод од бронзеното време;
- Горни Балван;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 430, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |