Ерг
Ерг (симб. erg, ерг) е единица за енергија и механичка работа во системот СГС. Името потекнува од грчкиот збор εργον (ергон) = „работа“.
Еден ерг ја претставува работата што ќе ја изврши сила од еден дин на растојание од еден сантиметар[1]. Во основните единици на СГС, ергот е еднаков на еден грам сантиметар на квадрат во секунда на квадрат (g·cm2/s2). Во SI системот, тој е еднаков и на 10−7 џули или 100 наноџули (nJ).
1 erg = 624,15 GeV = 6,2415 ×1011 eV
1 erg = 1 дин cm = 1 g·cm2/s2
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „ерг“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет