Киевска палата на спортот

50°26′14″N 30°31′20″E / 50.43722° СГШ; 30.52222° ИГД / 50.43722; 30.52222

Киевска палата на спортот
Київський палац спорту
Натпревар по хокеј во салата помеѓу Унгарија и Австрија, 2017 година
Место Киев, Украина
Започнат 1957
Отворен 1958
Сопственик АД КПС
Игра ХК Будивелник
Гледачи 6.800 спортски натпревари
9.800 концертни настапи

Киевската палата на спортот (украински: Київський Палац Спорту) претставува најголемиот затворен спортски комплекс во престолнината на Украина, Киев.

Спортскиот комплекс денес обезбедува услуги од спортски карактер, концертни настапи, изложби и промотивни активности.

Истоименото акционерско друштво е еден од основачите на Киевскиот меѓународен изложбен центар.

Во текот на својата историја, во објектот биле одржани повеќе од 16 светски првенства, 30 европски првенства, 42 советски првенства, 440 турнири, 210 изложби, 4.000 концерти, повеќе од 20 семинари и конференции од најразлични теми.

Историја

уреди

Киевската палата на спортот била изградена од страна на архитектот Михајло Гречина и О. Заварова. Комплексот свечено бил пуштен во употреба на 9 декември 1960 година.

Во периодот од 1981 до 1982 година, палатата била комплетно реновирана, овозможувајќу модернизација на осветлувањето, промена на ентериерот, нови соблекувални за спортистите и удобност кај посетителите.

По распаѓањето на Советскиот Сојуз, Киевската палата станало независно претпријатие. Во 1992 година, персоналот стекнал право на закуп на целиот имот на комплексот. Во 1995 година било реорганизирано како акционерско друштво во приватна сопственост.

Најголеми настани и учества

уреди

Во 2006 година во овој комплекс се одржила Евровизија 2006.

Овде гостувале светски познати групи како Backstreet Boys, Black Eyed Peas, Deep Purple, A-Ha, Jamiroquai, Moby, Muse, Placebo, The Rasmus, Depeche Mode како и Кристина Агилера, Анастасија, Лени Кравиц.