Кетлин Ледецки (родена на 17 март 1997) е американска пливачка која е специјализирана во дисциплината краул и таа е освојувач на златен медал од Летните олимписки игри 2012. На своето олимписко деби во Лондон, Ледецки го освоила златото во трката на 800 метри краул со второ најбрзо време на сите времиња. Таа е американски рекордер на 800м краул.

Кејти Ледецки
Лични информации
Целосно имеКетлин Женевив Ледецки
Националност САД
Роден на17 март 1997(1997-03-17)(27 г.)
Роден воБетесда, Мериленд
Висина1.78 м
Тежина65 кг
Спорт
ДисциплиниКраул
КлубПК Карл Бурк
Ледецки пред нејзината последна средношколска трка

Летни олимписки игри 2012

уреди

На изборното натпреварување на САД за Летните олимписки игри во Омаха, Небраска, нејзиното прво големо натпреварување, Ледецки се приклучила на олимпискиот тим на САД за ЛОИ 2012 со победата на трката на 800 метри краул со време од 8:19.78, кое било за две секунди побрзо од времето на второпласираната Кејти Ѕиглер.[1] Во Омаха, Ледецки исто така се пласирана трета на 400 метри краул (4:05.00) и деветта на 200 метри краул (1:58.66).[2][3] На 15 години, таа била најмладиот член на Американскиот олимписки тим, вклучувајќи ги спортистите од сите спортови.[4]

На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Ледецки го освоила златото во дисциплината 800 метри краул, со предност од четири секунди пред второпласираната Миреја Белмонте Гарсија и време од 8:14.63. Времето на Ледецки било второ најбрзо време на сите времиња и било послабо само од светскиот рекорд на Ребека Адлингтон од 8:14.10 поставен во 2008.[5] Воедно, таа го срушила американскиот рекорд на Џенет Еванс од 8:16.22 поставен во 1989 година.

Лични рекорди

уреди

Од 3 август 2012 година

Дисциплина Време Место Датум Белешка
200 м краул 1:58.66 Омаха 27 јуни 2012
400 м краул 4:05.00 Омаха 26 јули 2012
800 м краул 8:14.63 Лондон 3 август 2012 АМ, НР

Наводи

уреди
  1. „2012 U.S. Olympic Team Trials (swimming) – Women's 800 metre freestyle (final)“. Omega Timing. Архивирано од изворникот на 2013-05-23. Посетено на 2012-07-01.
  2. „2012 U.S. Olympic Team Trials (swimming) – Women's 400 metre freestyle (final)“. Omega Timing. Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012. Посетено на 2012-07-01.
  3. „2012 U.S. Olympic Team Trials (swimming) – Women's 200 metre freestyle (semi-finals)“. Omega Timing. Архивирано од изворникот на 2012-07-01. Посетено на 2012-07-01.
  4. Associated Press, "More Women Than Men on U.S. Team," The New York Times (10 јули 2012). Retrieved 11 јули 2012.
  5. Лондон 2012, "Women's 800m Freestyle," london2012.com (3 август 2012). Retrieved 3 август 2012.

Надворешни врски

уреди