Кеплер-64
Кеплер-64 ( KIC 4862625), е четрикратна ѕвезда во соѕвездието Лебед на растојание од околу 5000 светлосни години од Земјата. Системот се состои од два двојни системи распоредени на растојание едни од други од 1000 AE, а поединечно секој од системите се состои од две ѕвезди многу блиску едена до друга [1]. На 15 октомври 2012 година, Кијан Џек и Роберт Гаглиано, два астрономи аматери, забележале во кружна орбита вонсончева планета во орбитата на еден од двата двојни системи. Откритието се случило со помош на група професионални астрономи Јејл кои користеле податоци од вселенскиот телескоп Кеплер [2][3] .
Физички одлики
уредиСистемот е составен од две ѕвезди во блиска орбита и уште еден пар ѕвезди (исто така во тесна орбита), оддалечени околу 1000 ае од главниот пар, вториот пар е помалку изучуван и има помалку информации во споредба со главниот двоен систем.
Ѕвезден систем
уредиСоставниците околу кои орбитира планетата, A и B (или Aa и Ab), се спектроскопска двојна ѕвезда и имаат орбитален период од околу 20 дена. Нивните маси се проценети, во времето на откривањето на планетата од страна на доброволците од проектот „Планетарни ловци“ , и изнесуваат 1,5 и 0,41 сончеви маси [4] . Во еден труд на В. В. Костов и сор., објавените маси на составниците A и B се малку поинакви (1,14 и 0,28 М ⊙ ) и укажуваат на тоа дека главнта ѕвезда (А) е ѕвезда од типот F8IV, тоа е подџин [5], а не е бела ѕвезда од главната низа, како што е соопштено од Швамб и сор. по повод објавувата на откривањето на планетата [4] .
Составниците на C и D (или Ba и Bb) на четирикратниот систем, се на растојание од 1000 ае од главниот пар, и се на меѓусебо растојание од 60 ае. Посветлата од двете ѕвезди е жолто џуџе со маса слична на онаа на Сонцето, и е придружба на слабосјано црвено џуџе кое има само половина од сончевата маса. Заедничкиот сјај на овие две ѕвезди е само 10% од вкупниот сјај кој го зрачи Кеплер-64 [4] .
Планетарен систем
уредиПланетата има различни ознаки: PH 1, KIC 4862625 b, како што е заведена од енциклопедијата Вонсончеви планети [6], или Кеплер-64b, како што е официјално нарекувана од страна на НАСА.[7] Името PH1 произлегува од фактот дека таа е првата планета откриена и потврдена од Планетарните ловци, проект чија цел е откривање на вонсончеви планети со помош на доброволци на кои им се достапни податоците добиени од Кеплер . Според она што е наведено во трудот на Ф.В. Хесман и сор. во 2010 година за правилната номенклатура на планетите во орбити околу матичните ѕвезди, треба да се користи ознаката Кеплер-64 (AB) b [8] .
Планетата има полупречник половина од оној на Јупитер, што е малку повеќе од 6 пати од оној на Земјата. Масата не е прецизно утврдена; таа се проценува дека изнесува 20 до 50 пати поголема од онаа на Земјата, и во овој случај, планетата ќе биде гасовит џин сличен на Нептун . Со растојание од 0,56 ае од парот A + B, орбиталниот период на планетата изнесува 138 дена.[6]
Планетарен систем
уредиПридружници | Маса | Голема полуоска (ае) |
Орбитален период (денови) |
Занесеност | Наклон | Полупречник |
---|---|---|---|---|---|---|
b | 0,063-0,157 MJ | 0,56 ± 0,005 ае | 138 ± 0,05 денови | 0,1 | — | 0,5 RJ |
Наводи
уреди- ↑ J. De Jorge (16 октомври 2012). „Descubren un planeta con cuatro soles“. ABC.
- ↑ „PH1 : A planet in a four-star system“. Planethunters.org. 15 октомври 2012.
- ↑ KSDK-TV (15 октомври 2012). „Planet Hunters' discover new planet, PH-1“. CNN. Архивирано од изворникот на 27 декември 2012.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Megan E. Schwamb, Jerome A. Orosz, Joshua A. Carter, William F. Welsh, Debra A. Fischer, Guillermo Torres, Andrew W. Howard, Justin R. Crepp, William C. Keel, Chris J. Lintott, Nathan A. Kaib, Dirk Terrell, Robert Gagliano, Kian J. Jek, Michael Parrish, Arfon M. Smith, Stuart Lynn, Robert J. Simpson, Matthew J. Giguere, Kevin Schawinski. „Planet Hunters: A Transiting Circumbinary Planet in a Quadruple Star System“ (PDF). Наводот journal бара
|journal=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)arXiv:1210.3612 - ↑ Veselin B. Kostov, Peter McCullough, Tobias Hinse, Zlatan Tsvetanov, Guillaume Hébrard, Rodrigo Díaz, Magali Deleuil, Jeff A. Valenti (14 октомври 2012). „A Gas Giant Circumbinary Planet Transiting an Evolved F Star Primary of the Eclipsing Binary Star KIC 4862625 and the Independent Discovery and Characterization of the two transiting planets in the Kepler-47 System“ (PDF). Наводот journal бара
|journal=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)arXiv:1210.3850v1 - ↑ 6,0 6,1 Planet KIC 4862625 b [{{{1}}} Архивирано] на {{{2}}}. Exoplanet.eu
- ↑ „Kepler Mission Manager Update“. NASA. октомври 2012. Архивирано од изворникот на 2017-03-30. Посетено на 2019-07-22.
- ↑ F. V. Hessman, V. S. Dhillon, D. E. Winget, M. R. Schreiber, K. Horne, T. R. Marsh, E. Guenther, A. Schwope, U. Heber (декември 2010). „On the naming convention used for multiple star systems and extrasolar planets“ (PDF). Наводот journal бара
|journal=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)arXiv:1012.0707