Кафтан
Кафтан[1][1] (од персиски : خفتان, ġaftān = почесна облека [2] ) — долга машка наметка без постава од месопотамиско потекло, која ја носат бројни народи низ Блискиот Исток.[3] Обично се кроел од памук или свила или комбинација од двете.[3]
Вид на облека на централноазиските народи што се носел во минатото во Мала Азија, Полска, Русија и Унгарија.
Кафтан е долг капут или наметка од груба ткаенина, волна или свила, со широки ракави, без постава и долга сè до глуждовите. Постојат неколку видови. Најпознат е оној што го носеле османлиските султани, а во однос на строгата хиерархија (индивидуален ранг) се разликувале по бојата, дезените и копчињата.
На подрачјето на Западна Африка, меѓу народот Волоф се јавува сенегалски кафтан-сабадор и нешто поелегантниот мбуб или големо бубу.[4]
Мароканскиот кафтан е женска носија, вообичаена меѓу Мароканките. Во Југоисточна Азија среќаваме батик кафтани за чие производство се претпочита свила и цветни и апстрактни дизајни, а денес се модел за производство на модерни женски кафтани.
Најпознати кафтани биле оние што ги носеле османлиските султани и другите високи достоинственици на Отоманското Царство кои се разликувале по боја, декорација и копчиња. Бидејќи морала да се почитува строгата хиерархија во облекувањето, така што социјалниот статус веднаш бил видлив од кафтанот.
Опис
уредиТипичниот кафтан имал долги широки ракави и бил отворен напред, но најчесто можел да се закопча со ремени (или врвки).
Кафтани биле наречени и црните мантили што ги носеле Хасидските Евреи од европскиот среден век. Како што се ширело Отоманското Царство, така се зголемувало и носењето кафтани и се носеле низ Полска, Унгарија, Русија и низ целиот Балкан.
Кафтаните се рашириле и низ Западна Африка, па станале типичен костим на Мароканките и достоинственици на народот Волоф во Сенегал (кафтан сабадор). Кафтани се шират сè до Југоисточна Азија каде се изработувал батик кафтан од свила, со цветна или апстрактна декорација.
Кафтан се викало и долго женско палто до глуждовите, со широки ракави кој станал модерен во средината на 20 век.[3]
-
Сенегалски кафтан
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „кафтан“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „kaftan“ (англиски). Turkish Dictionary Net. Архивирано од изворникот на 2016-03-08. Посетено на 2012-10-28.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Caftan“ (англиски). Encyclopædia Britannica. Посетено на 2012-10-28.
- ↑ „Expanded Profile of the Wolof People“. Архивирано од изворникот на 2012-04-19. Посетено на 2009-05-28. Наводот journal бара
|journal=
(help)