Карпин
поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија
Карпин — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.
Карпин | |
---|---|
Координати: 41°0.54′N 22°24.11′E / 41.00900° СГШ; 22.40183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало на источните падини на планината Пајак, северозападно под врвот Баруч (1.003 м)[1]. Лежело на 4 км северно од с. Црна Река, на патот за с. Купа.[2]
Историја
уредиКарпин било македонско село распаднато во средината на XIX век поради чести напади од разбојнички банди сочинети од турски и албански дезертери од турската војска, месно познати како „тумбулеци“.[2] Истата судбина ја доживеале и другите помали села на ова подрачје.
Населението се преселило во селата Бојмица и Црна Река, и го паметат своето потекло. Меѓу тие родови се издвојуваат Котевци, Доневци и др.[2]
Наводи
уреди- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 60. ISBN 9989-9819-6-5.