Карен Хорнај (16 септември 1885 - 4 декември 1952), психоаналитичар, ќерка на норвешки поморски капетан и германка.

Карен Хорнај

Иако нејзиниот татко и купувал скапи подароци и ја носел на возбудливи патувања, таа чувствувала дека нејзиниот татко повеќе внимание посветувал на нејзиниот помал брат. Нејзиниот личен развој не е лесен и се соочува со депресија уште од деветтата година.

Студиите по медицина ги завршила во Берлин во 1913 година. Од 1914 до 1918 г. специјализира невропсихијатрија. Работи на Берлинскиот психоаналитички институт од 1918 до 1932 година. Карл Абрахам има работено со Хорнај анализа и посочува дека таа е многу надарена аналитичарка.

Во 1932 година по покана на Франц Александер оди во САД, каде две години е заменик директор на Чикашкиот психоаналитички институт. Потоа заминува во Њујорк и отвора приватна пракса. Така започнува најплодниот творечки период за Карен Хорнај. Од 1941 година предава на Психоаналитичкиот институт во Њујорк.

Една е од основачите на Здружението за напредок на психоанализата и американскиот Инситут за психоанализа. На овој институт ќе биде декан сè до нејзината смрт во 1952 година.

Таа смета дека нејзините идеи спаѓаат во рамки на фројдовската ориентација и не припаѓаат на потполно нов пристап кон личноста. За разлика од Фројд таа наведува дека социјалното влијание е поважно од биолошкото влијание. Таа подвлекува дека личноста се гради и развива преку интеракција со средината. Како и повеќето психоаналитичари смета дека искуството во детството е многу важно и дека најголемиот број на развојни проблеми се јавуваат во детството.

Најважен поим поврзан со теоријата на Хорнај е базична анксиозност. Понатаму таа пишува за невротични потреби кои се појавуаат поради базичната анксиозност. Тие десет невротични потреби ги класифицира во три групи:

  • ориентација кон луѓе (потреба за љубов)
  • ориентација од луѓето (потреба за независност)
  • ориентација против луѓето (потреба за моќ)

Карен Хорјнај била издавач и уредник на списанието: „The American Journal of Psyhoanalysis” и предавач на Новата школа за социјални истражувања во Њујорк.

ТворештвоУреди

  • „Невротичната личност на нашето време“
  • „Нови методи во психоанализата“
  • „Себе-анализа“
  • „Нашите внатрешни конфликти“
  • „Неврозата и човечкиот развој“