Имотот на дамата (серија)

(Пренасочено од Имотот на дамата)

„Имотот на дамата“ (турски: Hanimin Ciftligi) е турска теленовела од 2009 година, создадена од продуцентската куќа „Gold film“[1].

Hanımın Çiftliği
Имотот на дамата
Создадена одЗулфук Јусел, Елиф Усман,Хурер Ебеоглу
Напишана одОрхан Кемал
Режирана одФарук Тебер
УлогиОзгу Намал
Мехмет Аслантуѓ
Џанер Џиндорук
Ебру Озкан
Мехмет Чевик
Неџип Мемили
Џан Колукиса
Али Душенкалкар
Воведна темаYarane
Завршна темаYarane
Земја на потеклоТурција
Првичен јазиктурски
Производство
Продуцент(и)Фарук Тургут
КинематографијаGold film
КамераМултикамера
Времетраење90 минути
Прикажување
Првична мрежаТурцијаТурција
4 септември 2009 - 17 јуни 2011
СрбијаСрбија
18 април 2011 - 6 јануари 2012
Босна и ХерцеговинаБосна и Херцеговина
23 април 2011 -26 јануари 2012
Македонија Македонија
13 ноември 2010 - 14 јуни 2012
Романија Романија
21 јули 2010
Сликов форматColor
Надворешни врски
Мрежна страницаkanald.com.tr/haniminciftligi

Приказна уреди

Дејството започнува во 1950 година, време кога возбудата е во воздухот поради рокот на изборите, предизвик полн со конкуренција која расте од ден на ден помеѓу демократите и републиканците. Адана (град во јужна Турција), со својата плодна земја, огромни полиња со памук и фабрики, дава надеж за илјадниците сиромашни луѓе кои се борат да преживеат. Тоа е приказна за бунтот кој го создава социјалната неправда и каде сонот за заминување во друштво на повисокиата класа ги прави брутални тие очајни луѓе но, без оглед на се тоа е приказна во која надежта никогаш не умира. Приказната почнува со невината љубов помеѓу Гулу и Кемал.Гулу е сиромашна девојка која работи во една фабрика и е постојано злоупотребувана од нејзините татко и брат. Таа е вљубена во работникот Кемал, но нејзиниот татко не сака да слушне за таа врска бидејќи тој сака да ја омажи за Рамазан, внукот на сопственикот на фабриката. Гулу и Кемал решаваат да избегаат заедно, но тогаш полицијата го апси Кемал, а Гулу е вратена дома каде е претепана до смрт. Нејзината мајка не може да ја издржи несреќата на Гулу и оди во затворот кај Кемал. Таа го тера Кемал да ѝ каже на Гулу дека не ја сака повеќе за таа да може да се омажи за избраниот сопруг. Кемал ја сфаќа ситуацијата на Гулу и и праќа такво писмо. Гулу е разочарана и решава да се омажи за Рамазан, кој ја носи на имотот на неговиот чичко за таму да се ожени со неа. Музафер, чичкото на Рамазан и сопственик на огромната фабрика и имот се вљубува во убавата Гулу и така Гулу всушност се мажи со стариот Музафер. По некое време во брак, Гулу почнува да го засакува нејзиниот сопруг и стануваат многу среќни заедно. Но не се случува голема трагедија и нејзиниот сопруг е убиен... Младата и бремена Гулу е сега богата и моќна дама во чии раце е оставено целото богатство на Музафер, неговата фабрика и неговиот имот. Дамата од имотот започнува да ги менува правилата во фабриката, застанува на страната на работниците и истовремено започнува потрага по убиецот на нејзиниот маж.

Улоги уреди

Глумец/Глумица Улога Опис на улогата
Мехмет Аслантуѓ Музафер Динчаслан Господарот на големиот имот. Ја убил својата сопруга Бехија. Оженет за Ѓулу.
Озгу Намал Ѓулу Огутчу Сопруг на Музафер (1 сезона). Сопруг на Кемал (2 сезона). Мајка на Музафер Али(синот на Музафер).
Ебру Озкан Халиде Динчаслан Сестра на Mузафер, сопруга Кемал (1 сезона), сопруга Екрем (2 сезона).
Неџип Мемили Залоглу Рамазан Внук на Музафер и на Халиде. Оженет за Пакизе.
Џанер Џиндорук Кемал Шакин Сопруг на Халиде во првата сезона, а на Ѓулу во втората.
Мехмет Чевик Џемшир Таткото на Ѓулу, сопруг на Зехра.
Зухал Генчер Зехра Огутчу Мајка на Ѓулу сопруга на Џемшир.
Џан Колукиса Јасин Ага Вработен во големиот имот кај Музафер.
Хакан Бојав Бербер Решит Пријател на Џемшир, потоа се вработува во чифлигот (2 Сезона) сопруг на Хаѓер.
Назан Ајас Хаѓер Сопруга на Решит, пријателка на Зехра, а потоа се вработува во чифлигот.
Али Душенкалкар Кабак Хафиз Пријател на Рамазан
Махир Гунсирај Екрем Сопруг на Халиде (2 сезона)
Еврим Солмаз Пакизе Пријателка на Ѓулу, сопруга на Рамазан
Тургут Бакир Муксим Пријател на Кемал, мајстор во фабриката
Еркан Кабакчиоглу Али Иксан Лихвар кај кој Рамазан се задолжи, непријател на Ѓулу и Халиде.

Наводи уреди