Монк
Монк е наградувана американска ТВ серија за приватниот детектив Едријан Монк (Тони Шалуб), кој страда од обсесивно-компулсивно нарушување и има повеќе фобии. Се емитуваше во периодот од 12 јули 2002 до 4 декември 2009 година на телевизијата USA и е создадена од Енди Брекман.
Монк | |
---|---|
Логото на серијата Монк | |
Создадена од | Енди Брекман |
Улоги | Тони Шалуб Трејлор Хауард Тед Левин Џејсон Греј-Стенфорд Стенли Камел |
Воведна тема | "It's a Jungle Out There" од Ренди Њуман |
Земја на потекло | САД |
Првичен јазик | англиски |
Бр. на сезони | 8 |
Бр. на епизоди | 125 |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Енди Брекман Дејвид Хоберман Тони Шалуб Роб Томпсон |
Времетраење | 42-45 мин. |
Прикажување | |
Првична мрежа | USA network |
Првично прикажување | 12 јули 2002 – 4 декември 2009 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | usanetwork.com/series/monk/ |
Во Македонија, Монк се емитуваше на Канал 5 телевизија.
Синопсис
уредиЕдријан Монк e брилијантен детектив вработен во полицискиот оддел за убиства во Сан Франциско (СФПО), до моментот кога неговата жена е убиена од подметната бомба во нејзината кола. Смртта и помислата дека бомбата била наменета нему, доведува до тоа да Монк преживее нервен слом. Отпуштен од работа, тој одбива да ја напушти својата куќа цели три години, додека со помош на медицинската сестра Шерона Флеминг (Бити Шрам), конечно собира сили и започнува да работи како приватен консултант во поранешниот оддел, поради последиците од неговото обсесивно нарушување.
Безбројните чудни навики, многуте фобии и обсесивност се токму причината да се случуваат многубројни комични ситуации и проблеми, како за Монк, така и за луѓето околу него кога работат на некој случај. Како и да е, истите овие приватни борби му ја даваат и таа моќ да толку детално ги решава убиствата, а самиот тој најчесто возвраќа со фразата „тоа е подарок и клетва“.
Некои од фобиите:[1]
- страв од височини;
- од метеж (оклофобија);
- змии (офидофобија);
- бактерии (мизофобија);
- млеко;
- пајак;
- темнина;
- стапало;
- мајмуни;
- бубамара;
- усна хармоника;
- жаби;
- смрт (некрофобија)
- ...
Капетанот Лиланд Стотелмајер (Тед Левин) и поручникот Рандал „Ренди“ Дишер (Џејсон Греј Стенфорд) го повикуваат Монк кога имаат проблем со некоја истрага. Стотелмајер често е нервиран поради чудното однесување на Монк, но го почитува својот пријател и неговите вчудовидни забележителни способности исто како и Дишер. Дури и од детството, опсесивното внимание на секој детал му дозволува да го забележи и најмалото нешто што недостасува, да ги реши сложувалките и да ги поврзе работите што на другите во истрагата никогаш не им успева. Во текот на целата серија, во слободното време, Монк продолжува да бара информации за смртта на неговата жена, единствениот случај кој не успеал да го реши сè до последната епизода „Г-дин Монк и крајот“.
Кога Шерона решава да се премажи со нејзиниот бивши маж и се преселува во Њу Џерси, Натали Тигер (Трејлор Ховард), вдовица и мајка на единаесет годишна ќерка, се вработува како нова и последна асистентка на Монк.
Ликови
уредиГлавни ликови
уредиИме | Професија | Толкуван од |
---|---|---|
Едријан Монк | Бивши СФПО детектив и сегашен консултат за криминал | Тони Шалуб |
Натали Тигер | Втората асистентка на Едријан Монк по Шерона | Трејлор Хоувард |
Капетан Лиланд Стотелмајер | СФПО полициски капетан: кражби, убиства | Тед Левин |
Поручник Ренди Дишер | СФПО полициски проучник: кражби, убиства | Џејсон Греј Стенфорд |
Бивши главни ликови
уреди- Шерона Флеминг (Бити Шрам): Првата асистенка на Едријан. Последен присуство во Монк - Трета сезона: „Г-дин. Монк си го зема лекот"
Споредни ликови
уреди- Џули Тигер (Еми Кларк): Ќерката тинејџер на Натали.
- Д-р Нејвен Бел (Хектор Елисондо): Новиот психијатар на Монк кој станува споредна улога во седмата сезона.[3][4] Ова беше објавено од страна на USA Network на 30 април 2008.[5] Елисондо ќе го замени глумецот Стенли Камел кој ненајдено умре на 8 април 2008.
Бивши споредни ликови
уреди- Бенџамин „Бенџи“ Флеминг (Кејн Рикоут во првата епизода, втората и третата сезона, Макс Мароу во првата сезона): Синот на Шерона. Последно појавување - Трета сезона: „Г-дин Монк и работникот на месецот“.
- Д-р Чарлс Кругер (Стенли Камел): Психијатарот на Монк. Глумецот Стенли Камел умре од срцев удар на 8 април 2008 помеѓу продукцијата на шестата и седмата сезона.[6] Д-р Кругер умира од срцев удар исто така. Последно појавување - Шеста сезона: „Г-дин Монк и неговото ремек-дело“
Музика
уреди"It's a jungle out there" од Ренди Њуман.
It's a jungle out there
Disorder and confusion everywhere
No one seems to care
Well I do
Hey, who's in charge here?
It's a jungle out there
Poison in the very air we breathe
Do you know what's in the water that you drink?
Well I do, and it's amazing
People think I'm crazy, 'cause I worry all the time
If you paid attention, you'd be worried too
You better pay attention
Or this world we love so much might just kill you
I could be wrong now, but I don't think so
It's a jungle out there
Наводи
уреди- ↑ NBC Universal - Monk's Phobias Mug[мртва врска]
- ↑ "Mr. Monk Meets His Dad". 'Monk'. 17 ноември 2006. No. 9, season 5.
- ↑ „Tony Shalhoub and Hector Elizondo talk about season seven of Monk - TV Squad“. Архивирано од изворникот на 2008-09-05. Посетено на 2008-08-11.
- ↑ „Dr. Neven Bell“. USA Network. Архивирано од изворникот на 2012-06-07. Посетено на 2008-07-10.
- ↑ „Monk TV Series News -Emmy Award-Winner Hector Elizondo To Appear In Monk“. Архивирано од изворникот на 2008-05-13. Посетено на 2008-08-11.
- ↑ Ryan, Joal (2008-04-09). „Monk Psychiatrist Dies“. E! Online. E! Entertainment Television.