Калифорниска кралска змија

Калифорниска кралска змија
Млада калифорниска кралска змија чие митарење наближува
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Смокови
Род: Кралски змии
Вид: Обична кралска змија
Подвид: Калифорниска кралска змија
Триномен назив
Lampropeltis getula californiae
(Blainville, 1835)[1]
Синоними
  • Coluber (Ophis) californiae Blainville, 1835
  • Lampropeltis californiae
    — Van Denburgh, 1897
  • Ophibolus getulus californiae
    Cope, 1900

Калифорниска кралска змија (научLampropeltis getula californiae) — неотровна змија од семејството на смоковите (Colubridae) ендемска во западниот дел на САД и северно Мексико. Станува збор за релативно мал подвид на обичната кралска змија[1] и во природата се среќава во голем број на живеалишта. Една од најпознатите змии кои се чуваат како миленици, па така калифорниската кралска змија може да има најразличен изглед поради бројните природни и домашно добиени бои.[1]

Оваа змија може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[2]

Географски опсег

уреди

Калифорниската кралска змија може да се сретне на многу места на Западниот брег, вклучувајќи ги и највисоките планински венци со висина од 1.900 метри на југот од венецот Техашапи и преку 2.100 метри во југоистиочните планински венци на Сиера Невада, како и во јужните делови на Невада, Јута, Орегон, северозападно Ново Мексико, негостољубивиот југозападен дел на Колорадо и северозападно Мексико. Во Аризона, тие живеат покрај пустинската кралска змија (Lampropeltis getula splendida) и мексиканската црна кралска змија (Lampropeltis getula nigrita).

Инвазивни видови

уреди

Калифорниските кралски змии биле населени на островот Гран Канарија (Шпанија) кои ги одгледувале во заробеништво преку случајно или намерно ослободувње од единки. Во 2007 година, нивното населување било потврдено во североисточната страна на островот, и и во 2009 година бил откриена во области на северозападната страна.

Однесување

уреди

Калифорниската кралска змија вообичаено е дневна змија, но тие може да се сретнат и во ноќта доколку преку денот било многу топло.[1][3] Во зимата, тие вообичаено се упатуваат подземи и запаѓаат во хибернациона состојба која се нарекува брумација, која е карактеризирана со условен слаб метаболизам и намалена активност.

Калифорниските кралски змии се опуртунистички грабливци, се хранат на секаков вид на ’рбетници, доколку можат да ги задават на начин на кој тоа го прават сите Colubridae. Вообичаена храна за овие влекачи се глодачи, други влекачи, птици и водоземци. Сите кралски змии се неотровни, но се многу силни удави и го убиваат својот плен преку задушување. Именувањето како „кралска“ во нивното име се должи на фактот што тие ловат и да се хранат со други змии, вклучувајќи ги тука и отровните ѕвечарки кои се среќаваат во нивната животна околина. Калифорниските кралски змии се природно имуни на отровот на ѕвечарките но не се целосно имуни. Тие се хранат со ѕвечарки кога ќе се пружи прилика за таков плен, и ѕвечарката ќе претставува лесен плен за гладната кралска змија, но тие не ги ловат овие змии, ниту пак редовно се хранат со истите.

Кога ќе биде вознимирена, калифорниската кралска змија најчесто ќе се завитка во круг при што ќе ја сокрие својата глава, при што истите с'скаат и го мрдаат својот опаш, кој, доколку ова се случи во сува вегетација, ќе се добие звук кој наликува на звукот на ѕвечарките. Тие се сметаат за безопасни за луѓето, но доколку се држат во раце вообичаено за овие видови е да касаат и да излачуваат муск и фекална содржина од нивната клоака, но оваа подоцнежна навика е вообичаена за женките.[4]

Кралските змии вообичаено ја менуваат својата кожа четирипати до шестпати при што истите стануваат „обоени“, што значи дека кожата постанува бледа и кожата околу очите постанува со млечно бела боја, што практично ги прави слепи. Сепак, видот кај змиите не е нивното најважно сетило, но сепак истите можат да се дезориентираат или пак да го променат своето однесување, особено кај змиите кои се чуваат во заробеништво. Како и сите змии, тие ја менуваат својата кожа целосно во еден обид, вклучувајќи ги тука и крлушките над очите. Младенчињата ја менуваат својата кожа почесто, еднаш месечно, поради нивниот забрзан раст. Пред да ја змаенат својата кожа, тие ќе побараат влажни микроклиматски услови во нивните живеалишта и ќе ги протријат своите глави (каде што започнува митарењето) од цврсти површини како што се камења, цврста земја, кора од дрвја или пак сува вегетација.

Размножување

уреди

Калифорниската кралска змија е јајценесно внатреоплодно животно, што всушност значи дека несе јајца во спротивност на оние кои се живородни што е случај кај некој други змии. Додворувањето за овој вид на кралски змии започнува во пролетта при што мажјаците се натпреваруваат за достапните женки. Нивниот ритуал за спарување започнува така што мажјакот започнува да вибрира некотролирано. Јајцата ги несат во периодот меѓу мај и август што пак всушност е 42-63 денови по спарувањето[1], при што женката ќе избере погодно место за гнездење. Во едно гнездо има меѓу пет и 12 јајца додека пак просекот изнесува девет,[1] иако се забележани гнезда со 20 или повеќе јајца. Новоизведените младенчиња вообичаено се изведуваат 40-65 денови по снесувањето, и имаат вообичаена должина од 19 до 30 см.[1] Возрасните калифорниски кралски змии ретко надминуваат 125 см.[5]

Во заробеништво

уреди
 

Калифорниската кралска змија е една од најпопуларните влекачи кои се чуваат како домашни миленичиња, поради тоа што истите се многу лесни за одгледување, имаат привлечен изглед и можат лесно да се припитомат. Исто така тие се едни од најразмножуваните, а со тоа и се најдостапни,како подвидови на обичната кралска змија.[1] Тие исто така се спаруваат со други одредени видови, при што вака одгледаните змии имаат различни шари и пруги кои се протегаат по должина на телото наместо да се протегаат попреку. Најпозната шара е онаа на дивата кралска змија, „црна и бела“, „силна бела“, „рубинови очи“ и албино. Тие се чуваат во стаклени, пластични или дрвени живеалишта и соодветна температура и важност. Без разлика на видот на терариумот, безбедноста е од најголема важност за да се спечи бегството на влекачот. Младите единки најдобро се одгледуваат во мали терариуми со должина колку што е самата должина на змијата милениче, и со текот на времето како што растат се менува и големината на терариумот, преголемите терариуми можат да предизвикаат непотребен стрес. Вообичаените почвени слоеви кои можат да се искористат како подлога за живеење на калифорниските кралски змии се јасикови деланки, весници и салфетки. Кедрови и борови деланки се отровни за повеќето влекачи и истите не треба да се користат. Кога кралската змија се подготвува за менување на својата кожа, потребно е да има влажна средина која би го потпомогнала менувањето на кожата.[1] Кутија која содржи навлажнет мов или пак навлажнети салфетки се користат за убрзување на овој процес.

Температурите треба да се одржуваат на околу 26 до 29 °C ,[1] при што во еден дел од терариумот се одржува на пониска температура додека пак другиот крај на терсриумот се одржува на повисока температура. На овој начин се обезбедува топлински градиент во кој змијата може самостојно да си ја регулира сопствената телесна температура. Температурите не треба да надминуваат 32 °C бидејќи истите ќе доведат до сериозни здравствени заболувања. Собната температура е погодна за време на ноќта, повеќето диви змии можат да поднесат ноќни температури кои се движат 7 °C. Влажноста треба да се одржува под 40%, а ова се постигнува со еден сад исполнет со вода.[6]

Змиите не треба да се држат во раце во наредните 48 часа по оброкот, бидејќи ваквото дејство може да предизвика змијата да го поврати својот оброк. Кога се држи кралска змија, треба целосно да се поткрепи нејзниното тело и истата да не биде силно стискана додека се држи во раце. Младите змии или пак едниките кои не се навикнати да бидат држени во раце можно е да исфрлат содржина од клоаката, иако повеќето кралски змии се привикнуваат на луѓето мошне брзо.

Кралската змија е неотровна змија која се обвиткува во круг, при што го стиска пленот сè додека истиот не се задуши. Змијата не треба да се храни со храна која е сè уште смрзната. Храната треба да биде на собна температура и тогаш доколку се посакува истата да се подгрее во топла вода или на плотна. Смрзнатиот плен ќе предизвика смрзнатини, кои можат да бидат смртоносни за змијата.

Поради својата канибалистичка природа, во еден терариум не треба да има повеќе од една калифорниска кралска змија. Змиите кои се чуваат заедно во еден терариум ќе се обидат да се изедат меѓусебно, што би довело до смрт или пак повреди на една или пак двете змии. Единствениот пеериод кога две змии треба да се чуваат во еден терариум е моментот кога се обидва одгледувачот да ги размножи истите, дури и во овој случај, потребно е да се оди постепено, односно да не се избрзува и процесот на размножување.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 Bartlett, R. D. and Markel, R. (2005) Kingsnakes and Milksnakes. Barron's Educational Services, Inc. ISBN 0764128531
  2. „Калифорниска кралска змија“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-04. Посетено на 12 јуни 2015.
  3. California King Snake Архивирано на 24 март 2012 г.. Rosamond Gifford Zoo. Посетено на 2013-01-02.
  4. Hubbs, Brian (2009) Common Kingsnakes. Tricolor Books, Tempe, Arizona ISBN 0975464116.
  5. Lampropeltis getula californiae – California Kingsnake Архивирано на 14 април 2009 г.. Californiaherps.com. Посетено на 2013-01-02.
  6. California Kingsnake Care Sheet Архивирано на 6 април 2009 г.. Vmsherp.com. Посетено на 2013-01-02.

Надворешни врски

уреди