Калироја (месечина)
Калироја (старогрчки: Καλλιρρόη), наречена и Јупитер XVII — неправилна надворешна месечини на Јупитер која се движи во повратна насока. Пронајдена е во 1990 г. во опсерваторијата Националната опсерваторија „Кит Пик“ според набљудувања направени од 6 октомври до 4 ноември 1999 г.[6] и првично прогласена за астероид со ознаката 1999 UX18.[7][8] Забележана е како кружи околу Јупитер од Тим Спар на 18 јули 2000 г. и така добила ознака S/1999 J 1.[2][9]
Сликата со која е откриена Калироја | |
Откривање [2] | |
---|---|
Откритие на | Спејсвоч[б 1] |
Откритие во | Национална опсерваторија „Кит Пик |
Откриено | 19 октомври 1999 |
Ознаки | |
Наречена по | Калироја |
S/1999 J 1 1999 UX18 | |
Орбитални особености [3] | |
Епоха 27 април 2019 (ЈД 2458600,5) | |
Лак на набљудување | 17.54 г (6,406 days) |
0,1643278 ae (24.583.090 км) | |
Занесување | 0,3095704 |
–787,43 д | |
240,90203° | |
0° 27м 25.866с дневно | |
Наклон | 147,99790° (кон еклиптиката) |
352,75480° | |
68,21981° | |
Месечина на | Јупитер |
Физички особености | |
Албедо | 0,052 ± 0,016[4] |
20,8[5] | |
13,9[3] | |
Име
уредиМесечината е именувана во октомври 2002 г. по океанидата Калироја, ќерка на речниот бог Ахелој.[10]
Особености
уредиКалироја има привидна величина од 20,7,[11] што ја прави уште послаба од џуџестата планета Ерида (18,7).[12] Јупитер е 2,5 милијарди пати посјаен од Калироја.[13]
Месечината има пречник од 9,6 км[4] и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 24,1 милиони километри за 747,09 дена Има наклон од 141° кон еклиптиката (140° кон Јупитеровиот екватор) и занос од 0,28. Ова тело веројатно е зафатено доста одамна од хелиоцентрична орбита, и гравитациското влијание на Сонцето ја прави орбитата мошне непредвидлива.[6]
Ѝ припаѓа на Пасифаината група на неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојанија од 22,8 до 24,1 милиони километри со наклони од 144,5° до 158,3°. Меѓутоа, додека Пасифаја е сива (B−V=0,74, V−R=0,38, V−I=0,74) по боја, Калироја е светлоцрвена (B−V=0,72, V−R=0,50, V−I=1,02) и послична на Мегаклита.[14]
Истражување
уредиВселенското летало „Нови хоризонти“ направило слики од Калироја на 10 јануари 2007 г.[15]
Белешки
уредиНаводи
уреди- ↑ „Planet and Satellite Names and Discoverers“. Gazetteer of Planetary Nomenclature. USGS Astrogeology Science Center. Посетено на 26 ноември 2020.
- ↑ 2,0 2,1 Brian G. Marsden (2000-07-20). „IAUC 7460: S/1999 J 1“. IAU. Архивирано од изворникот на 26 април 2006. Посетено на 22 ноември 2005.
- ↑ 3,0 3,1 „M.P.C. 115890“ (PDF). Minor Planet Circular. Minor Planet Center. 27 август 2019.
- ↑ 4,0 4,1 Grav, T.; Bauer, J. M.; Mainzer, A. K.; Masiero, J. R.; Nugent, C. R.; Cutri, R. M.; и др. (август 2015). „NEOWISE: Observations of the Irregular Satellites of Jupiter and Saturn“ (PDF). The Astrophysical Journal. 809 (1): 9. Bibcode:2015ApJ...809....3G. doi:10.1088/0004-637X/809/1/3. S2CID 5834661. 3.
- ↑ Sheppard, Scott. „Scott S. Sheppard - Jupiter Moons“. Department of Terrestrial Magnetism. Carnegie Institution for Science. Посетено на 26 ноември 2020.
- ↑ 6,0 6,1 „New Outer Satellite of Jupiter Discovered“. Minor Planet Center. Посетено на 23 јули 2009.
- ↑ „New moon of Jupiter found“. SpaceFlight Now (University of Arizona News Release). Посетено на 23 јули 2009.
- ↑ MPS 7418 (Minor Planet Circulars Supplement); not available on-line
- ↑ MPEC 2000-Y16: S/1975 J 1 = S/2000 J 1, S/1999 J 1 2000-12-19 (откривање и ефемерида)
- ↑ IAUC 7998: Satellites of Jupiter 2002 October 22 (naming the moon)
- ↑ „Planetary Satellite Physical Parameters“. JPL (Solar System Dynamics). 3 април 2009. Посетено на 23 јули 2009.
- ↑ „AstDys (136199) Eris Ephemerides“. Department of Mathematics, University of Pisa, Italy. Посетено на 16 март 2009.
- ↑ (привидна величина|5-ти корен од 100)^(20,7-(-2,8))=2,51 милијарди
- ↑ Grav, Tommy; Holman, M. J.; Gladman, B. J.; Aksnes, K. (2003). „Photometric survey of the irregular satellites“. Icarus. 166 (1): 33–45. arXiv:astro-ph/0301016. Bibcode:2003Icar..166...33G. doi:10.1016/j.icarus.2003.07.005. S2CID 7793999.
- ↑ „New Horizons Jupiter Encounter Timeline“. www.planetary.org.
Надворешни врски
уреди„Калироја (месечина)“ на Ризницата ? |
- Откриена 17-тата месечина на Јупитер (англиски)Архивирано на 18 октомври 2019. (англиски)
- Спејсвоч S/1999 J 1 (англиски)
- Слика од откритието на Спејсвоч