Кале (Кореница)
Кале или Градиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Кореница. Наоѓалиштето поради неистраженоста не е датирано и е од непознат тип. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека западно од селото на врвот на едно возвишение (кота 600 метри) се забележуваат остатоци од ѕидови, ќерамиди и керамика. Според мештаните наоѓалиштето се смета за стара населба од хеленистичко време.[1]
ПоврзаноУреди
- Долгачка — неопредено од непознат период;[1]
- Кореница;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
НаводиУреди
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |